Quick Response код е специфичен вид на матричен (дводимензионален) баркод кој може да го читаат QR читачи или пак телефони кои имаат камера. Во него може да енкодираме текст, URL, слика или други податоци. Примената на QR кодот е огромна, а можностите безгранични. За разлика од нивната иницијална употреба, QR кодовите станаа доста популарно нешто со безброј примени. QR кодовите се одлични заради брзината со која може да се прочитаат, точноста и функционалноста. Иако сличноста со баркодовите е очигледна и можеби се прашувате зошто ни се потребни QR кодовите, одговорот е дека потребата за повеќе карактери и повеќе видови на податоци се наметнува во светот со цел да се направат повеќе податоци подостапни. Развивачите пробаа да ја прошират употребата на баркодовите, но откако тоа се покажа како неуспешно, QR кодот го замени.

Прочитај повеќе

И македонскиот скратувач на линкови 0.мк си доби своја опција за QR код, односно по секој скратен линк со додадавање на наставката ?qr ви се генерира QR код. Пример, http://0.mk/cc25?qr .

Прочитај повеќе

Скратувачот на линкови Bit.ly додаде опција да може скратен линк да се претвори во QR код само додавајќи .qr на крај на линкот. Пример, http://bit.ly/1ueAof.qr .

Прочитај повеќе