Oд неодамна во емисијата „Еден на Еден“, Жарко Димитриоски започна да ги поканува своите гледачи да ги искористат друштвените мрежи да постават прашање до гостите во емисијата. Интерактивноста која ја нудат Twitter и Facebook е како измислена за ваков вид емисии, вели Жарко, бидејќи гледачите се инволвираат не само во директната комуникација туку и во креирање на емисијата. Мреживе се фантастична работа, вели тој. Вистински свет во мало!

Прочитај повеќе

Празници се, Нова година, а потоа и Божиќ. Пола Македонија е на Facebook каде ќе се споделуваат честитики, слики и импресии од празниците. Сигурно ова, ќе се согласите, е одлична шанса да го рекламирате својот локален бизнис, продукт или услуга на огромна публика зависно од буџетот.

Прочитај повеќе

<Надополнето:> Time.mk се врати на стариот дизајн. Тргнат е Fun делот и „Хардвер“, „Софтвер“ и дел од „Занимливости“ категориите се склопија повторно во една – „Технологија“. Содржината во таа категорија се уште не е ништо посебно или од голема важност, се уште е повеќе занимлива отколку релевантна. </надополнување>

Прочитај повеќе