Електронски дневник, безбројни чек-листи и планирања. Ова се само дел од непресушното множество обврски со кои наставниот кадар секојдневно се соочува. Ситуацијата станува значително покомплицирана (и поскапа) кога, за ваквите евидентирања наставникот се потпира на книжната форма. Како би се олесниле ваквите обврски при почетокот на новата наставна година, си земавме за слобода да ги […]

Прочитај повеќе

Професор од скопска гимназија е суспендиран поради екстремни религиозни Facebook постови. Според учениците, тие немале проблем со професорот бидејќи се однесувал пристојно на часовите, но според директорката на училиштето, која доставила копии од 8 страни од неговиот Facebook профил до полицијата, професорот од „скромен религиозен човек се претворил во фанатик.“

Прочитај повеќе

За некои модерен, за други прагматичен, професорот по хумана генетика на Филозофскиот факултет, Владимир Трајковски ги користи дигиталните друштвени медиуми за да комуницира со студентите и да споделува информации за студиите и истражувања преку својот блог и преку својот Facebook профил.

Прочитај повеќе

 
Корејскиот институт за наука и технологија (KIST) и Нипон институтот за технологија (NIT) успешно изработиja и тестираa робот-професор. Хуманоидот е-Nuvo ќе започне да предава во 500 пред-школи и градинки во 2011 година, а во 2012 година ќе биде спремен да започне со официјални предавања во основните и средните училишта, пренесува корејскиот ETNews.

Прочитај повеќе

Соочена со 90 студенти во училница, атмосфера која е тешко за секој професор да ги вклучи сите студенти да придонесат во наставата, професорката Моника Ранкин од Универзитетот на Тексас во Далас, САД, се одлучи со технологија да го привлече вниманието на студентите. Професорката по историја знаејќи дека не секој студент има лаптоп, но повеќе од нив имаат мобилен, се решила да го искористи Twitter како платформа, иако и таа самата била почетник во микро-блогинг друштвената мрежа.
 
„Повеќето предавачи ќе се согласат дека големите класови во училници налик на аудиториуми/слушални ги ограничуваат опциите за професорите само на предавање, предавања и уште предавање. Повеќето предавачи ќе се согласат дека ова не е ефективен начин за предавање. Јас сакав да најдам начин да влесам повеќе студентско ориентирани техники за предавања и да ги вклучам студентите во наставата” пишува г-ѓа. Ранкин.

Прочитај повеќе