За само четири години по објавувањето на Kindle читачот за е-книги, Amazon сподели дека електронските книги се продаваат повеќе од печатените и дека Kindle читачот со намалена цена na 114 долари се продава повеќе од сите други верзии.

Прочитај повеќе

Добрата игра за гејмерите е како добро напишана книга или привлечен филм. Не привлекуваат со приказната, карактерите, новите идеи, но најмногу не вовлекува во сосема нов и друг свет. Една од моите омилени игри Heroes of Might and Magic e направена од двајца ентузијасти, имаше никаков едноставен звук, графиката за денешни услови е ужасна, но имаше солидна митолошка подлога и добро обработен фантастичен свет.

Прочитај повеќе

Гејминг студиото 2D Boy откри интересни и успешни бројки за продажбата на World of Goo за iPad. Со цена меѓу 5 и 10 долари, iPad верзијата се продаде во 125.000 копии во првите месец дена, што е „најуспешна продажба и најмногу генериран приход“ во споредба со WiiWare верзијата, продадена над 68.000 копии, односно Steam верзијата која се продаде над 97.000 пати.

Прочитај повеќе

Суперкул уредот на Microsoft кој не користи џоистици, туку камери и сензори и се контролира со тело, се продаде во 10 милиони примероци и постави Гинисов рекорд за најбрза продажба на електронски уред.

Прочитај повеќе

Во исчекување на iPad 2, чие претставување ќе се случи денес, Digitimes, повикувајќи се на извори од дистрибутерската мрежа, објави интересна информација дека Apple планира да дистрибуира од 6 до 6.5 милиони iPad таблет компјутери во првиот квартал од 2011-та година.

Прочитај повеќе

На LinkedIn најбројни се корисниците кои се меѓу 34 до 54 години, а најмногу се од финансиската индустрија и од индустријата на висока технологија, според инфографикот на Gigya. Најбројни се компаниите кои имаат до 1.000 вработени.

Прочитај повеќе

Тоа што Myspace и официјално е ставен на продажба не е и некое големо изненадување. Во изминатата година, News Corp. повеќепати изјавија дека имаат загуби од оваа некогаш толку популарна друштвена мрежа.

Прочитај повеќе

Само две години од објавувањето, Android на Google стана најпродаваниот оперативен систем за паметни телефони во светот, надминувајќи го Symbian на Nokia, се вели во истражувањето на Canalys.

Прочитај повеќе

Cataclysm, третото продолжение на масовната онлајн игра World of Warcraft, стана и најпродаваната PC игра во првиот месец со над 4.7 милиони продадени копии секоја по 40 долари што резултира во 188 милиони долари. Интересно само во првиот ден се продадоа рекордни 3.3 милиони парчиња.

Прочитај повеќе

Следниот месец, во јануари, во Македонија официјално ќе стартува Колектива, веб сајт кој секој ден нуди групни попусти од разни локални продавници, ресторани, бутици, кина… веќе има околу 60 .мк бизниси кои се заинтересирани да ги понудат своите услуги преку сервисот, вели Ванчо Костурски, кој го води Колектива.мк. На почеток ќе биде само во Скопје, а потоа ќе се додадат и другите градови.

Прочитај повеќе

Call of Duty: Black Ops е во друштво на филмот Tитаник, Аватар и албумот Трилер на Мајкл Џексон, кои се ретките забавни дела чии приходи од продажбата надминаа 1 милијарда долари.

Прочитај повеќе

Третото продолжение на масовната онлајн игра World of Warcraft се продаде над 3.3 милиони парчиња во првите 24 часа од стартувањето на продажбите, објави Blizzard додавајќи дека Cataclysm сега е најбрзо продаваната видео игра за PC на сите времиња надминувајќи го рекордот од ноември 2008 на… изненадување?… на Wrath of the Lich Kings, претходното продолжение на World of Warcraft.

Прочитај повеќе