Дали ќе им пукне балонот на друштвените мрежи?, односно дали ќе бидат преценети на огромни суми пари кои нема да можат да ги оправдаат бидејќи нивните реални приходи се десетпати помали од таа сума, дали се купуваат корисници наместо приходи?, прашува Gplus во својот инфографик.

Прочитај повеќе


Секоја веб базирана апликација би требало да се тестира од грешки и багови (QA – http://en.wikipedia.org/wiki/Quality_assurance) уште кога е во својата развојна фаза. Дури и откако ќе излезе финалниот продукт, после додавањето на модули и нови ажурирања и додавање на нови функционалности, апликацијата, доколку производителот ја смета за сериозна и доколку се грижи за безбедноста на истата како и за безбедноста на своите клиенти кои ја користат, би требало да извршува периодична безбедносна проценка или пенетрациско тестирање (пентест) и зацврстување на веб апликацијата.

Прочитај повеќе

Сервисот за микро-блогирање во 140 карактери веќе подолго време ги привлекува големите компании со својот можен потенцијал, популарност и стотина милиони корисници. Сега се појавуваат информации дека Twitter е во „рани разговори со потенцијалните купувачи“, меѓу кои и Facebook и Google.

Прочитај повеќе

Сервисот за групно купување и дневни попусти од локални продавници е проценет на 15 милијарди долари, пишува New York Times. Интересното тука е штo Groupon e 2 години старa старт-ап компанија.

Прочитај повеќе

Вредноста на Facebook се проценува на неверојатни 50 милијарда долари по нова инвестиција од 500 милиони долари, пишува New York Times. Друштвената мрежа сега вреди повеќе од eBay и Yahoo, веднаш зад Аmazon и Google.

Прочитај повеќе