XIHA life е друштвен сервис кој нуди инстант превод на статуси, постови и твитови од Facebook и Тwitter. Сервисот воведе новина – инстант превод на постови – со што стана доста корисен за комуникација со луѓе кои зборуваат јазик кој не го познавате, а кои се ви пријатели.

Прочитај повеќе

Сега можете да го преведете вашиот документ во новиот едитор во еден од 53 јазика, објави Google Docs тимот. Преводот го има од поодамна, но сега новитетот е што ви траба само еден клик да да направите копија од преведениот документ со нов наслов, пример од македонски во албански или обратно, и да ги пратите на вашите колеги.

Прочитај повеќе

Дали користите локализиран софтвер на македонски. Доколку не го користите, а постои локализирана верзија, зошто? праша HijackHacker на форумот.

Прочитај повеќе


Google Goggles е апликација за Android 1.6+ мобилните телефони која користи слики за да го пребарува интернетот. Пример, во уметничка галерија сте, со вашиот телефон сликате уметничко дело и со помош на Goggles го пребарувате Google за историјата и авторот на делото.

Прочитај повеќе

Google ја објави новата бета верзија од нивниот прелистувач Chrome со подобрена приватност и навистина кул опција за автоматско преведување.

Доколку сте, на пример, на кинеска страна прелистувачот самиот ќе го детектира јазикот и ќе ви сугерира да го преведете. Преводите се генерират од Google Translate сервисот, што значи дека – прво, има македонски, второ, македонсите превоти и не се баш најдобри и трето, и покрај недостатоците навистина е корисно со еден клик да преведувате страни.

Прочитај повеќе

Microsoft тестира преведување во реално време за мобилен телефон. Целиот телефонски разговор се преведува на различен јазик додека зборувате. Сличен проект беше најавен и од Google но за разлика од нив, кои само го најавија преведувањето, Microsoft објави видео од прототипот „Преведувачки телефон“ објаснуваjќи како работи преведувањето.

Прочитај повеќе

Google работи на софтвер за мобилните телефони кој ќе овозможи преводи во реално време, односно софтверот преведува во моментот на телефонскиот разговор. Ова автоматско преведување во релно време ќе биде една од најневеројатните технологии која ќе ги поврзе сите 6.000+ јазици ширум светот.

Прочитај повеќе

(Ова е гостински текст на Новица Наков oд Слободен Софтвер Македонија по повод на Светски ден на интелектуална сопственост. За вечерва, понеделник 26 април, е закажан настан во хаклабот „КИКА“.) На барање на читател да провери колку луѓе користат локализиран (преведен) софтвер поставивме анкета „Дали користите софтвер преведен на македонски“ на почетната страна. Анкетата е […]

Прочитај повеќе

Неодамна добивме Google Тranslate на македонски јазик.
&Nbsp;
Тие што не знаат повеќе можат да прочитаат тука, па да се навратат на овој текст во кој ќе објасниме како процедурата на преведување да стане автоматска, со само еден клик.

Прочитај повеќе

Нова Македонија објави текст во кој го искритикува она што македонската интернет заедница го бараше подолго време – можноста за преведување од и на македонскиот јазик преку Google Translate. Објаснувајќи ги преводите како “изгубени и во просторот и во времето” се чини дека авторот на текстот не го разбира концептот на кој работи овој преведувачки сервис кој на многу македонски интернет корисници може да им го олесни животот и да им овозможи полесен пристап до информации.

Прочитај повеќе

Го дочекавме и тоа… најпопуларниот сервис за преведување на Google, отсега го разбира и македонскиот јазик. Сеуште нема официјална информација на блогот на Google, но во текот на денот сигурно ќе биде објавена. Ова е одлична вест, сега н многу лесен начин ќе може да преведувате од над 40 јазици директно на македонски, па дури и цели сајтови.

Прочитај повеќе