Google ја објави новата бета верзија од нивниот прелистувач Chrome со подобрена приватност и навистина кул опција за автоматско преведување.

Доколку сте, на пример, на кинеска страна прелистувачот самиот ќе го детектира јазикот и ќе ви сугерира да го преведете. Преводите се генерират од Google Translate сервисот, што значи дека – прво, има македонски, второ, македонсите превоти и не се баш најдобри и трето, и покрај недостатоците навистина е корисно со еден клик да преведувате страни.

Прочитај повеќе

Нов рекорд. За 7 дена симнати се 12 милиони Opera 10.10 прелистувачи. Рекордот се должи пред се на вклучувањето на Unite сервисот во најновата верзија на прелистувачот.
 
Unite е сервис кој овозможува вашиот компјутер да стане сервер на мрежата и преку него да споделувате фајлови, слики, филмови со пријателите, без притоа да ги закачувате онлајн (аплоадирате). Подолу се десетина слики од моето тестирање на Unite, споделувајќи неколку слики, музика и нивно линкање на Facebook.

Прочитај повеќе

Мozilla Firefox е убедливо најкористениот прелистувач oд македонските корисници, покажа нашата анкета. Иако зазема околу 60 отсто од глобалниот пазар сепак, според 318 анкетирани, Internet Explorer е далеку зад Firefox, Google Chrome и Opera. Firefox го има монополот. 66.7 отсто од испитаните го користат овој пребарувач, додека зад него е Google Chrome со 13.2%, па следи Оpera со 9.7, IE со 6% и на крај од најпознатите прелистувачи е Safari со 2.8%.

Прочитај повеќе

Во една од теориите за почетокот на универзумот научниците велат дека имало „ништо“ и по големиот бенг настанал универзумот. Во гејминг светот големиот бенг во натпреварувачките игри е Quake Arena. Добро, имаше и мали претходни „ништа“ но Quake Arena го постави теренот за игри како CounterStrike и Halo, кои денес прераснаа во е-спорт.

Прочитај повеќе

Twitter е сервис за микро-блогирање, односно објавување на постови до 140 карактери. Пораките можат да бидат објавени директно од веб прелистувач, ИМ клиент, СМС, е-маил или пак некоја десктоп апликација наменета за тоа. На исти начини може да одберете и да ги добивате постовите на луѓето, кои според јазикот на овој сервис, "ги следите". Првично наменет за полесна и побрза комуникација, Twitter се покажа како доста корисен сервис за брзо информирање, по што беше прифатен од многу интернет корисници, но и од големи медиумски имиња и компании.

Прочитај повеќе