(Oва е гостински текст на Иван Петрушевски, основач на Mkhost.com.mk, компанија за хостинг, регистрација на домени и веб девелопмент) Управниот одбор на МАРнетдонесе нов правилник кој за првпат во историјата на .mk доменот им овозможува на корисниците онлајн, без потреба од дополнителни документации и папирологии да регистрираат домен на нивно име. Најголемата новост за крајните корисници е тоа […]

Прочитај повеќе

МАРНет повторно се активира. Од 16.02, среда, ќе може да се регистрира домен и да се понудат други активности во врска со регистрацијата на .мк домените.

Прочитај повеќе

МАРНет, агенцијата за регистрирање на .мк доменот, ќе стартува „наредната недела“, ќе работи според стариот правилник до март, кога ќе биде подготвен новиот правилник кој ќе биде претходно ставен на јавна расправа. Ова го вели новиот директор на МАРНет и советник во МИО, Сашо Димитријоски во интервју за Нова Македонија.

Прочитај повеќе

<Надополнето 07.02.11> За цените воопшто не е разговарано, вели новиот директор на МАРНет, Сашо Димитријоски одговарајќи на нашиот мејл каде побаравме да се потврди информацијата за цените, кои според новиот директор нема да се менуваат.
 
„За менување на цената на домените во МАРНет воопшто не се разговарало и најверојатно таа ќе остане иста, што значи ова се само шпекулации кои немаат никаква основа. Ќе треба да го прашате „Глобус” од каде им се таквите информации.“

Прочитај повеќе

Се подготвува нов правилник на МАРНет за „управување со врвниот македонски домен .мк и други акти неопходни за функционирањето на МАРНет. Во текот на месец февруари оваа година правилникот ќе стапи во сила со што ќе се овозможи непречено регистрирање на нови домени.“, вели Mинистерството за информатичко општество по седница со Управниот одбор на МАРНет. На седницата за претседател на новиот МАРНет е избрана Маргита Кон-Поповска, професорка на Природно-математичкиoт факултет и досегашен потпретседател на одборот на МАРНет.

Прочитај повеќе

Правилникот на МАРНет, креиран уште во 1995-та, е неправилен според Уставот, вели Уставниот суд и ја блокира службата за управување на домени се додека Министерството за информатичко општество според нов и неодамна одобрен закон не формира правилна служба за домени. Тоа може да потрае до два месеци, а ако сакате да регистрирате домен или да промените сервер/именски опслужувач, тогаш ќе мора да почекате.

Прочитај повеќе