Bonus Card е виртуелен паричник за картичките за попуст. За оваа македонска апликација ги запознавме нашите читатели тука, а авторите Јоцо и Богдан беа повеќе од љубезни за краток разговор за нивната компанија, интереси и популарноста на нивниот најнов продукт. За SwarmTix Inc Кажете нѝ на кратко за SwarmTix Inc, од кого е составен тимот, […]

Прочитај повеќе

Од вчера, започна распродажбата на игри, филмови и програми на Steam, сè со цел да се одбележи Halloween и на оваа платформа. Па така, до 1 ноември имате на располагање стотици и стотици игри со попусти до 90%. Од хорор игрите, би сакале да ви препорачаме да пробате да се исплашите со The Evil Within […]

Прочитај повеќе

Македонскиот сервис за групни попусти Grouper.mk само што го прослави својот втор роденден. По тој повод се организираше забава, но тоа што нам ни е поинтересно е статистиката која беше објавена за работењето на сервисот. А таа статистика е импресивна. Grouper.mk вели дека учествува со 33% удел во вкупниот обрт направен онлајн во 2012-та година. […]

Прочитај повеќе

Најпродавани попусти се тие за продуктите за убавина и здравја, што значи женска публика, и тие за храна и пијалоци, открива Grouper.mk во својот инфографик по повод првиот роденден. Како што пишавме претходно сервисот за групно купување во својата прв година успеа да продаде 33.162 купони за попусти од 296 компании. Во својот инфографик, Grouper.mk […]

Прочитај повеќе

Сервисот за групно купување Grouper.mk за својот прв роденден открива дека за една година успеа да направи обрт на над 10 милиони денари од над 30.000 продадени купони на oколу 20.000 корисници. Сервисите за групни попусти во Македонија се појавија овој период лани, кога за кратко време од еден месец стартуваа неколку групни сервиси, а […]

Прочитај повеќе

Facebook ќе ги намали цените за 45 отсто по клик за сите реклами и спонзорирани приказни доколку тие линкаат назад кон фан страна, наместо кон надворешен веб сајт, се вели во извештајот на маркетинг агенцијата TBG Digital. Според истражувањето, ова намалување на цените всушност се зголемува со тек на времето, пример пред година дена било […]

Прочитај повеќе

Поголемиот дел од корисниците ги прифаќаат брендовите на Facebook, 39 отсто твитаа за брендови, 58 отсто имаат кликнато Like на фан страна, а дури 41 отсто од корисниците имаат споделено содржина од бренд, се вели во инфографикот на Ask your target market за како брендирањето функционира на друштвените мрежи, пред се на Twitter и Facebook. […]

Прочитај повеќе

Fourquare само по две години од стартувањето влезе во одлично-за-негов-раст партнерство со гигантот American Express. Соработката ќе значи дека секој корисник на кредитните картички ќе има попуст во некои продавници и ресторани кога ќе се чекира и плати со картичката.

Прочитај повеќе

Багатела.мк e агрегатор на групни попусти, собирајќи ги сите попусти од сите .мк сервиси за групно купување на едно место. Ваквите агрегатори се појавија од неодамна продолжувајќи го трендот на групното купување. За тие што не знаат, групното купување подразбира дневни попусти за кои е потребно да се соберат доволен број, пример 20, заинтересирани корисници за истиот да успее т.е. да биде дозволен. Доколку нема доволно луѓе се враќаат парите.

Прочитај повеќе

Попуст.бе е уште еден, нов агрегатор на групни попусти. Се чини дека идејата за собирање на сите попусти на едно место е премногу очигледна, само беше прашање на време кога ќе се стартуваат агрегаторите.

Прочитај повеќе

Не требаше многу да се чека за да го видиме првиот .мк агрегатор на групни попусти. Евтино.мк е проект на Даниел Брзанов, веб дизајнер и веб програмер, кој вели дека иако проектот е во алфа, го стартува заради текстот што го објавивме, иако требало да се доразвие малку да се додадат понудите од другите сервиси […]

Прочитај повеќе

Во Македонија во рок од 4 месеци се појавија околу 6 сајтови за групно купување. Ги има Grouper, Kolektiva, Грабни попуст, Купуваме.мк и новите ВоСкопје.com и Gaga.mk.

Прочитај повеќе