Само една година по претставувањето на Like копчето кое со неверојатна брзина го освои целиот свет, скоро 2.5 милиои веб сајтови го користат копчето, Facebook одлучи да воведе уште еден сличен новитет кој има голем потенцијал да стане следното Like.

Прочитај повеќе

Бизнис друштвената мрежа LinkedIn ja претстави новата платформа која има поддршка за OAuth 2.0 и Javascript API, како и пристап до разни плагини кои можат да се персонализираат.

Прочитај повеќе

Ако се суди според бројот на верзијата на овој најнов интернет прелистувач од Google може погрешно да се заклучи дека постои многу години (на пример, интернет прелистувачот Opera кој е актуелен со верзија 11, датира од далечната 1996 година). Но сите, па и оние со пократко памтење, знаат дека првата верзија на овој прелистувач јаво беше презентирана на 3 септември 2008 година. Дали навистина за толку кратко време може да се претстават 10 различни стабилни верзии (дополнувањата и бета производите не ги сметам) и секоја од нив да има нешто ново, нешто подобро за да го заслужи епитетот финална? Колку и да звучи чудно, одговорот е да. Google Chrome 10 кој се појави неполн месец после верзијата 9, навистина има што да покаже, и пред неговите претходници, но и пред конкуренцијата од која зема се поголем дел корисници кои се согласуваат Chrome да биде нивен предефиниран прелистувач.

Прочитај повеќе

Facebook го надградија својот Comments Box Plugin кој го користат останатите страници за да се поврзат со Facebook. Новини се што отсега ќе гледате повеќе информации и слика до коментарот на корисникот логиран со Facebook, има подобрени опции за модераторите и, како главната промена, отсега можете да одберете тоа што сте го искоментирале на надворешен сајт да се појави на вашиот профил и во фидот на вашите пријатели.

Прочитај повеќе

<Надополнето 25.02.11>Google Cloud Connect за Microsoft Office сега e достапен за сите корисници.
 
Cloud Connect плагинот ги синхронизира веб базираниот Google Docs со Microsoft Office, овозможувајќи едитирање на документите со Office интерфејс при тоа користејќи ги веб можностите на Google Docs како пристап на документите од било каде (вклучувајќи и од мобилен) или споделување на документите.

Прочитај повеќе

Mozilla ја објави бета верзијата на Firefox Lorentz, алатка која ќе го спречи срушувањето на прелистувачот поради плагин грешка. Доколку плагин како Adobe Flash, Apple QuickTime, Java или Microsoft Silverlight направи проблем Lorentz ќе го локалазириа табот, наместо да се сруши целиот прелистувач.

Прочитај повеќе

Борис Кузманов и фондацијата Метаморфозис го претставувија Wordpress плагинот (plugin) со кој ќе имате можност да додадете копче за пријавување на напис на македонскиот агрегатор за вести Ping.mk. Плагинот е развиен од страна на Борис Кузманов, кој најави дека следната верзија ќе ја има можноста и за интегрирање на копче кое овозможува гласање на написот.

Прочитај повеќе