Новиот извршен директор на Аpple, Тим Кук, веднаш по седнување на фотељата им се обрати на вработените преку имејл велејќи им дека работењето со Стив Џобс „беше привилегија“ и дека Apple „нема да се смени“. Еве го имејлот од г. Кук до вработените, првин објавен од Ars Technica кои ја потврдија неговата веродостојност: „Тим: Возбуден […]

Прочитај повеќе

Quick Response код е специфичен вид на матричен (дводимензионален) баркод кој може да го читаат QR читачи или пак телефони кои имаат камера. Во него може да енкодираме текст, URL, слика или други податоци. Примената на QR кодот е огромна, а можностите безгранични. За разлика од нивната иницијална употреба, QR кодовите станаа доста популарно нешто со безброј примени. QR кодовите се одлични заради брзината со која може да се прочитаат, точноста и функционалноста. Иако сличноста со баркодовите е очигледна и можеби се прашувате зошто ни се потребни QR кодовите, одговорот е дека потребата за повеќе карактери и повеќе видови на податоци се наметнува во светот со цел да се направат повеќе податоци подостапни. Развивачите пробаа да ја прошират употребата на баркодовите, но откако тоа се покажа како неуспешно, QR кодот го замени.

Прочитај повеќе

200.000 апликации на Apple App Store докажуваат дека Flash не е неопходен за десетина илјади девелопери да креираат графички богати апликации, вклучувајќи ги и игрите, вели Стив Џобс во отворено писмо во кое објаснува зошто Flash го нема на Apple-овите мобилни уреди.

Прочитај повеќе