Берлинската Pipe е нова апликација која ви овозможува да префрлувате фајлови до 1 GB преку Facebook во реално време, без потреба да се инсталира дополнителен софтвер. Апликацијата користи технологија на Adobe за директна peer-to-peer (P2P) конекција за трансфер на податоци, и, според директорот Симон Хосел, наскоро ќе се појави и на Android и iOS уредите. […]

Прочитај повеќе

Можеби звучи како бајка, но Tribler, BitTorrent клиентот што веќе 5 години е во развој, нуди децентрализиран и ефективен начин како да се справите со неодамнешните драконски закони што ќе бидат присутни во Америка како SOPA/PIPA и во Европа како ACTA. Истражувачкиот тим од Делфт универзитетот на технологија кој работи на Tribler, за TorrentFreak објаснуваат […]

Прочитај повеќе

BitMate е BitTorrent клиент е наменет за да ја ги зголеми перформансите на хостови со конекции со слаб проток. Тоа не го прави на штета на другите клиенти и може да ја зголеми моќта за симнување до 70%, а на качување до 100 отсто. Иако битторент технологијата најчесто се врзува со пиратеријата, тоа што е интересно со овој проект го финансира владата на САД, за да им помогне на земјите од третиот свет кои имаат слаб интернет. Проектот го работат истражувачи од MIT.

Прочитај повеќе

Ericsson работи на креирањето на API кој ќе овозможи peer-to-peer видео конверзација. Ова API е дел од нивната серија на нови технологии кои ги користат можностите на HTML5.

Прочитај повеќе

Компанијата BitTorrent објави интересна статистика дека 100 милиони корисници активно го користат нивниот софтвер, како BitTorrent Mainline и µTorrent. Овие програми го користат BitTorrent протоколот за брзо пренесување на големи количества податоци преку децентрализираната peer-to-peer мрежа, каде податоците се одделени на мали делчиња и секое се пренесува преку различни „peers“, наместо симнување од еден извор/сервер што може да биде поспоро поради преоптоварување на тој сервер во смисла на интернет сообраќај или физички капацитет.

Прочитај повеќе

Милиони корисници беа оставени на цедило откако популарниот VoIP сервис Skype се сруши и не беше достапен скоро 24 часа. Сега Skype излезе со објаснување велејќи дека проблемот настанал поради грешка во Windows верзијата по што следувале неколку последователни проблеми, за на крај да се сруши.

Прочитај повеќе

Американската амбасада во Мадрид во изминативе неколку години вршела притисок врз шпанските власти и интернет оператори да се превземат мерки за контрола на пиратеријата. САД се заканувале на Шпанија дека ќе ја стават на „црната листа“ на земјите со голема пиратерија, доколку не се превземат мерки во борба против пиратеријата, пишува шпанскиот весник El Pais.

Прочитај повеќе

Петер Сунде, еден од основачите на контроверзниот Pirate bay, повика да се направи нов Domain Name System бидејќи американската влада поднесе барање до ICANN да ги тргне домените на сајтовите кои ги нарушуваат авторските права, како неодамнешната акција која изгаси 82 торент сајтови.

Прочитај повеќе

Можеби имате фајл, слика или документ, кои се лични, кои не сакате да да ги закачувате на разни сервиси со цел да ги споделите со еден или два пријатели? Ако да, тогаш iSendr може да биде сервис за вас.

Прочитај повеќе