Уште при самото стартување Rockmelt нудеше голема интеграција со Facebook, четови, полесно споделување на линкови со пријателите и други друштвени опции, но тоа беа работи кои самиот Rockmelt ги правеше. Сега Facebook кој влезе во партнерство со прелистувачот, направи мали промени да кога ќе се отвори Facebook преку Rockmelt страната се отвара без нотификации, барања за пријателство и чет, бидејќи нели истите се вклучени во прелистувачот. Rockmelt е и интегриран со системот за пораки на Facebook, што значи ако преку прелистувачот се прати порака преку чет, а корисникот не е онлајн, тогаш ќе му пристигне како порака.

Прочитај повеќе

Bing.com сега како резултати од пребарувања ќе покажува „Like” информации од Facebook Instant Personalization. Ова значи дека кога корисникот, кој е претходно логиран на Facebook, ќе пребарува на Bing покрај стандардните резултати ќе се појавуваат и лицата на неговите пријатели кои кликнале Like на тој линк. Најдобар пример е пребарување на филм, музика или слика. Кога ќе пребарувате некој филм интересен за вас ќе видите и на кој од вашите пријатели му се допаднал тој филм, како на сликата погоре.

Прочитај повеќе

Facebook и Skype наскоро ќе најават партнерство што ќе вклучува интеграција на Facebook Connect во Skype, што ќе им понуди на корисниците да си праќаат SMS и да вртат телефонски повици, како и ќе има опција за видео чет со Facebook пријателите. Facebook интеграцијата ќе се појави со oбјавување на Skype 5.0 во наредниве недели, пишува AllThingsDigital.

Прочитај повеќе

Yahoo објави дека стартува партнерствотото со Facebook и дека корисниците на двата сервиса можат да си ги поврзат профилите, пример да гледаат Facebook постови преку Yahoo.com, Yahoo Mail… и обратно содржината од Yahoo сајтовитe, меѓу кои и Flickr и Delicious, ќе може да се сподели на Facebook.

Прочитај повеќе

Microsoft Communicator Mobile за E52 И E72 Nokia телефоните е првата апликација од партнерството меѓу двете компании.

Прочитај повеќе