Компанијата Meshin деновиве претстави нова алатка за пребарување, дизајнирана за повеќе да наликува на персонален асистент отколку на стандарден plug-in. Новата алатка, која го носи истото име, Meshin, користи семантички технологии со цел да собере информации преку нивното значење и контекстот во кој се наоѓаат, наместо стандардниот пристап на користење клучни зборови и метаподатоци. Со тоа, Meshin станува прва „комерцијална“ алатка која ги користи семантичките технологии за пребарување низ електронската пошта, RSS каналите и информациите од социјалните мрежи во електронските пораки.

Прочитај повеќе

Корисниците на Мicrosoft клиентот за имејл – Outlook сега можат да гледаат Facebook постови и слики од своите контакти. Покрај Facebook, додадени се и MySpace и Windows Live месинџерот, а од претходно беше достапен и LinkedIn со што се добива добра листа на друштвени мрежи преку кои можете да ги следите најновите информации од вашите контакти.

Прочитај повеќе

Microsoft Македонија го претстави Office 2010, последната верзија на популарниот софтвер користен за канцелариско работење. Од воведување на нови пакети за продажба до подобрување на функционалностите и перформансите, новата верзија на Office делува доста интересно и пред сé продуктивно.

Прочитај повеќе