Adobe најави дека Flash 10.2 ќе биде инсталиран на некои таблет компјутери и на повеќето Android Honeycomb таблет компјутери во „следните неколку недели“. Според Adobe, во 2011-та ќе се претстават околу 50 таблет компјутери кои ќе понудат богато веб искуство, а повеќето ќе користат Flash.

Прочитај повеќе

Symbeose или Symbian – вметнатиот оперативен систем на Европа е конзорциум од 24 организации од 8 ЕУ земји чија цел е да се развијат модерни проекти кои ќе го зголемат глобалниот дофат на Symbian, односно овој мобилен оперативен систем да стане поконкурентен со Google-овиот Android и Apple-овиот iOS. Инвестицијата од 22 милиони евра во непрофитната Symbian фондација доаѓа од ARTEMIS иницијативата на ЕУ за истражувања и развој.

Прочитај повеќе

Новиот дизајн прикажува поголеми слики и има подобрена интеракција за полесно прелистување, откривање и комуницирање меѓу членовите на сајтот за фотографии. Во редизајнирањето придонесоа 800.000 корисници , вели Flickr.

Прочитај повеќе

Кинеската безбедносна фирма за мобилни NetQin објави бесплатна алатка за безбедност и организирање на Symbian мобилните телефони. Пакетот содржи опции за оптимизација на системот и подобрување на брзината, алатки за одбрана, како и контрола врз интернет сообраќајот.

Прочитај повеќе

Според објаснувањето на Piriform, создавачот на бесплатната програма CCleaner (оргиналното име му беше Crap Cleaner) е алатка која служи за оптимизација на системот и за зачувување на приватноста и Ви помага да ги отстраните трагите кои ги оставате со користење на компјутерот. Програмот отстранува непотребни фајлови со што ослободува простор и меморија и овозможува подобра работа на компјутерот

Прочитај повеќе