Веб прелистувачот Opera се појави во Mac продавницата за апликации и беше одбележана од Apple како апликација за која треба да имате најмалку 17 години за да ја користите.

Прочитај повеќе

Му аплаудираме на Google за промената која е позитивен чекор за слободниот софтвер, неговите корисници и сите кои го користат Вебот, вели Слободен софтвер фондацијата коментирајќи за одлуката на Google да ја прекине поддршката за H.264 видео кодекот во Chrome прелистувачот, и да продолжи да го користи WebM проектот, во борбата на прифаќање на стандард за видео енкодирање. WebM е поддржан од Opera и Mozilla, додека H.264 е прифатен од Apple и Microsoft.

Прочитај повеќе

Opera можеби е еден од поретко користените десктоп прелистувачи, но затоа Opera Mini и Opera Mobile се доста користени на мобилните уреди пред се поради брзината наспроти вградените мобилни прелистувачи.

Прочитај повеќе

Оpera конечно после доста бета тестирање го објави новиот Opera 11 прелистувач кој сега има организирање на табовите во групи и визуелни движења со глувчето за навигација низ страните.

Прочитај повеќе

Opera на шеговит начин го претстави 150 милионитиот корисник на прелистувачот. Имено наместо вообичаено прес соопштение, Opera објави инбокс oд мејл на својот директор Џон вон Тетчнер. Инбоксот секако е лажен, но е интересно што може да се пребарува низ него.

Прочитај повеќе

(Рецензијата за Maxthon 3.0 бета прелистувачот е гостински текст од Златко Јованов познат во сајбер просторот како ZlateWay. Златко е гик 4 лајф, сака фотографија, технологија и не е тешко да биде насмеан…)

Прочитај повеќе

Имам 5.000 пријатели што е максимум на Facebook, а јас имам уште 7.000 кои сакаат да ми станат пријатели, вели новиот хрватски претседател Иво Јосиповиќ кој освои 60% од гласовите во вториот круг на 11 јануари.

Прочитај повеќе

Нов рекорд. За 7 дена симнати се 12 милиони Opera 10.10 прелистувачи. Рекордот се должи пред се на вклучувањето на Unite сервисот во најновата верзија на прелистувачот.
 
Unite е сервис кој овозможува вашиот компјутер да стане сервер на мрежата и преку него да споделувате фајлови, слики, филмови со пријателите, без притоа да ги закачувате онлајн (аплоадирате). Подолу се десетина слики од моето тестирање на Unite, споделувајќи неколку слики, музика и нивно линкање на Facebook.

Прочитај повеќе

Мozilla Firefox е убедливо најкористениот прелистувач oд македонските корисници, покажа нашата анкета. Иако зазема околу 60 отсто од глобалниот пазар сепак, според 318 анкетирани, Internet Explorer е далеку зад Firefox, Google Chrome и Opera. Firefox го има монополот. 66.7 отсто од испитаните го користат овој пребарувач, додека зад него е Google Chrome со 13.2%, па следи Оpera со 9.7, IE со 6% и на крај од најпознатите прелистувачи е Safari со 2.8%.

Прочитај повеќе