Ако се суди според бројот на верзијата на овој најнов интернет прелистувач од Google може погрешно да се заклучи дека постои многу години (на пример, интернет прелистувачот Opera кој е актуелен со верзија 11, датира од далечната 1996 година). Но сите, па и оние со пократко памтење, знаат дека првата верзија на овој прелистувач јаво беше презентирана на 3 септември 2008 година. Дали навистина за толку кратко време може да се претстават 10 различни стабилни верзии (дополнувањата и бета производите не ги сметам) и секоја од нив да има нешто ново, нешто подобро за да го заслужи епитетот финална? Колку и да звучи чудно, одговорот е да. Google Chrome 10 кој се појави неполн месец после верзијата 9, навистина има што да покаже, и пред неговите претходници, но и пред конкуренцијата од која зема се поголем дел корисници кои се согласуваат Chrome да биде нивен предефиниран прелистувач.

Прочитај повеќе

Google работи на порадикални промени во корисничкиот интерфејс, особено околу дизајнот на омнибоксот (барот за адреси). Како што и се забележува во развојот на Chrome, Google се стремат кон што поминималистичкиот дизајн. Овојпат, централната идеја се врти околу отстранувањето еден од двата реда кои во моментов се наоѓаат во горниот дел на прелистувачот, односно сакаат да го отстранат URL барот и да ги интегрираат табовите и барот во едно.

Прочитај повеќе