Тајванската Acer го претстави 10-инчниот (25cm) Iconia Tab A500 кој ќе работи на Android оперативен систем и има Nvidia Tegra-2 dual-core 1Ghz процесор. Таблетот ќе има HDMI порт, ZTE LTE безжичен модул, ќе поддржува Flash 10.1 и ќе има вграден Clear.fi систем за лесен пристап до мултимедија и нејзино споделување меѓу домашниот и мобилниот уред. Нема детали за резолуција на екранот, само е најавено дека Iconia Tab A500 e дизајниран за „HD забава“. Претпоставка е дека таблетот ќе чини меѓу 600 и 800 долари.

Прочитај повеќе

Таблет компјутерот на Toshiba се уште нема име, тоа што се знае за него е што ќе користи Nvidia Tegra 2 процесори, се уште не се знае количината на меморијата, и, како и многу други, ќе работи на Android Honeycomb оперативниот систем, кој има поголема поддршка за таблет уредите, и има 10.1 инчен екран со 1280×800 резолуција со 720p висока-дефиниција, и порт за HDMI.

Прочитај повеќе