Владата рaзмислува да набави 300.000 таблет компјутери за училиштата, дозна Нова Македонија, а потврди министерот за образование Панче Кралев. Овој проект се планира за 2015 година, а причината за користење таблет компјутери е да се избегне оштетувањето на сегашнава опрема. „Ова се прави, како што дознаваме, поради тоа што за штетите направени со сегашната компјутерска […]

Прочитај повеќе

Процесот за поедноставување на работата на МАРНет со која ќе се либерализира доменот и ќе може да се размислува на електронско регистрирање на домени од физички и правни лица е влезен во програмата на Владата за 2012-та година, вели директорот на МАРнет, Сашо Димитријоски за Нова Македонија. „Влезен во програмата“ може да значи дека ќе […]

Прочитај повеќе

Законот за посебен регистар на лица осудени за педофилија изработен од Министерството за труд и социјална политика е влезен во собраниска процедура и доколку биде изгласан ќе им дозволи на властите да ги објават имињата на осудените за сексуална злоупотреба на малолетни лица на Интернет. Идејата зад предлогот е листата со имиња да служи како […]

Прочитај повеќе

Печатените медиуми и телевизиите во Mакедонија се во незгодна положба. Има провладини и проопозициски, но никако независни медиуми како што треба всушност да бидат. Истово започна да се случува и на Интернет. За една година никнаа очигледни провладини и проопозициски интернет-медиуми, и некои независни, кои сега може да ги додадеме на се поголемиот број на […]

Прочитај повеќе

Наспроти промовирањето на Македонија како информатичко општество, воведувањето биометриски систем на идентификација и постоењето на стотици сајтови на министерствата, владините агенции и на низа други државни институции, обичниот граѓанин сé уште не може на едноставен начин онлајн да добие информација од нив, пишува Бисерка Велковска-Блажева.

Прочитај повеќе

МАРНет, агенцијата за регистрирање на .мк доменот, ќе стартува „наредната недела“, ќе работи според стариот правилник до март, кога ќе биде подготвен новиот правилник кој ќе биде претходно ставен на јавна расправа. Ова го вели новиот директор на МАРНет и советник во МИО, Сашо Димитријоски во интервју за Нова Македонија.

Прочитај повеќе

Наредната година ќе ја гледаме Македонската радио-телевизија во HD (висока дефиниција), пишува Нова Македонија.

Прочитај повеќе

„Дали сте размислувале дека секој може на Интернет да објави или да монтира дискредитирачка видеоснимка, текст или аудио и со тоа засекогаш да ви ги уништи угледот и кариерата?“ вака започнува текстот на Нова Македонија која користејќи го 9 фебруари како ден за онлајн безбедноста пишува за тоа како луѓето се плашат од интернетот.

Прочитај повеќе

Нова Македонија објави текст во кој го искритикува она што македонската интернет заедница го бараше подолго време – можноста за преведување од и на македонскиот јазик преку Google Translate. Објаснувајќи ги преводите како “изгубени и во просторот и во времето” се чини дека авторот на текстот не го разбира концептот на кој работи овој преведувачки сервис кој на многу македонски интернет корисници може да им го олесни животот и да им овозможи полесен пристап до информации.

Прочитај повеќе

<Надополнето:> Time.mk се врати на стариот дизајн. Тргнат е Fun делот и „Хардвер“, „Софтвер“ и дел од „Занимливости“ категориите се склопија повторно во една – „Технологија“. Содржината во таа категорија се уште не е ништо посебно или од голема важност, се уште е повеќе занимлива отколку релевантна. </надополнување>

Прочитај повеќе