Овогодинешната Нобелова награда за физика ќе ја поделат тројца научници чии откритија го овозможија брзиот пренос на дигиталните информации и дигиталната камера.

„Наградата оди за две научни достигнувања кои помогнаа да ги промени основите на денешното вмрежано општество.“ се вели во соопштението на Кралската академија на науки на Шведска која ја доделува Нобеловата награда.
 
Половина од престижната и 1.4 милиони долари вредната награда ја доби Чарлс Као, кој е награден за развојот на оптичките кабли преку кои се пренесуваат дигиталните информации.

Прочитај повеќе