Двајца англичани се осудени на четири години затвор бидејќи за време на протестите го користеле Facebook. Осудените Џордан Блекшо и Пери Сатклиф-Кинан, во екот на немирите кои се случуваа минатата недела низ Англија, преку Facebook се обидоа да предизвикаат нереди во нивните градови, но неуспешно. Едниот од осудените, Џордан Блекшо, има креирано настан во кој повикува […]

Прочитај повеќе

После четири дена немири во Лондон, хаосот се префрли на Веб. Официјалниот блог на BlackBerry беше нападнат и дифејсиран откако компанијата изјави дека ќе соработува со полицијата да помогне во идентификацијата на учесниците во немирите. Одговорноста за овој напад ја презеде хакерска група наречена TeaMp0isoN, која на официјалниот блог на BlackBerry постави изјава која вели: […]

Прочитај повеќе

Додека анархистите го користат BlackBerry за да се скријат од полицијата, илјадници други граѓани на Лондон го искористија Twitter да организираат aкција за чистење на улиците по немирите во англискиот главен град. Во последниве три дена во Лондон се случува хаос. Стотица млади кршат продавници, крадат и палат објекти. Лондонските власти ветија дека ќе ангажираат […]

Прочитај повеќе

По еднонеделното „затемнување“ египетските интернет и мобилни провајдери го повратија интернет пристапот во земјата, но тоа може да биде кратко бидејќи протестите во Египет ескалираа со улични судири меѓу противниците и поддржувачите на долгогодишниот египетски претседател Хосни Мубарак кој најави дека нема да се кандидира на претстојните избори.

Прочитај повеќе

Долго време се веруваше дека англиските хулигани се смирени и се однесуваат како што треба. Долго време беше така се до вторникот, кога на натпреварот меѓу West Ham и Milwall се случи огромен инцидент меѓу двете навивачки групи, пред, за време и после натпреварот, кога инцидентот се проширил на улиците каде жителите се „забарикадирале“ во своите куќи, а хулиганите се „бомбардирале“ со цигли и шишиња, велат очевидците.

Прочитај повеќе

Протестите во Иран продолжуваат. Иако се прогласени како нелегални од Ајатолах Али Кхаменеи, врховниот лидер на Иран, сепак активистите повторно излегоа на улиците и се судрија со полицијата. Има и жртви… видеото снимено со мобилен за иранската девојка Неда Солтан во моментите на умирање откако беше застрелана, е еден од најбараните термини преку друштвените мрежи. Интернетот стана алатка преку која светот дознава за деталите од протестите, додека владата на Иран се обидува да го блокира.

Прочитај повеќе

(© http://www.flickr.com/photos/mousavi1388/)

Незадоволни од повторното избирање на Махмуд Ахмадинеџад како претседател на Иран, веќе два дена низ улиците на Техеран, активисти и приврзаници на Мир-Хосеин Мусафи, против-кандидатот на претседателот Ахмадинеџад, се судрија со полицијата. Според активистите резултатите од изборите се наместени за да победи досегашниот претседател Ахмадинеџад кој во својата кампања ја искористи „Yes, you can“ паролата на Барак Обама, претседателот на САД.

Прочитај повеќе