Еuropeana.eu e европската дигитална библиотека која се уште е во бета фаза, се чека да се достигнат 10 милиони објекти и до крајот на 2010 година да биде официјално стартувана. Но иако е во бета фаза сепак е на интернет и корисниците имаат пристап до неа.

Прочитај повеќе

Pesna.org е најголемата интернет колекција на македонски народни песни. Колекцијата има околу 650 песни, а љубителите на народната музика можат да го прочитаат текстот, да ја слушнат песната, и тоа од неколку изведувачи, и имаат можност да си симнат песната, но со послаб квалитет поради авторските права, вели Зоран Сталевски алијас GoodBytes, креаторoт на Pesna.org.

Прочитај повеќе

После Обама, Кралското семејство на Британија, претседателот на Франција, Саркози, Ватикан… сега и владата на Ирак стартуваше свој YouTube канал. „YouTube каналот на ирачката влада е официјален канал наменет да се публицизира најважните активности на владата преку видео извештаи и состаноци.“ пишува на каналoт Iraqgov.
 
Несомнено е дека YouTube овозможува на луѓето и политичарите, поточно владите, да имаат подиректна комуникација на лесен и едноставен начин. Запрашајте се каков контакт имате со македонските политичари? Освен на вести и на плакати воопшто не ги гледаме, а уште помалку имаме контакт и пристап до нив.

Прочитај повеќе