Проблемот со кој Вебот (WWW) моментално се соочува е непостоењето на механизам за едноставно и ефикасно конзумирање на релевантни вести, информации и податоци од огромниот број на информации кои се присутни на Вебот и чиј број секојдневно расте. Начинот на кој Google ни ги нуди релевантните резултати од пребарувањата не може да го одржи темпото со растечкиот број на страни и податоци на Интернет.

Прочитај повеќе

Канадски и американски безбедносни експерти открија софистицирана мрежа за сајбер шпионирање поставена од сервери во Кина.
 
Споре експертите, „Сенката“, како што ја нарекоа мрежата, се користела за крадење документи од Обединетите Нации, украдени се документи од НАТО операции во Авганистан, собрани се лични детали за индивидуалци во индиската влада и војска, се следеле новинари заинтересирани за Кина, и се соберени сите приватниот имејл пораки од изминатата година на тибетанскиот водач Далеј Лама. Но… оваа мрежа не е поврзана со неодамнешните напади врз Google кои доведоа интернет пребарувачот да влезе во конфликт со Кина.

Прочитај повеќе

Моментално, само мал број текстови на Wikipedia имаат видеа. Време е да го смениме тоа! вели Open Video Alliance (OVA) стартуваше кампања да донесе видеа на популарната онлајн енциклопедија, и објави туторијал како во 4 чекори да се постира видео на Wikipedia, за која вели дека е „најголемиот колаборативен експеримент во човечката историја.“

Прочитај повеќе