Mozilla ја објави бета верзијата на Firefox Lorentz, алатка која ќе го спречи срушувањето на прелистувачот поради плагин грешка. Доколку плагин како Adobe Flash, Apple QuickTime, Java или Microsoft Silverlight направи проблем Lorentz ќе го локалазириа табот, наместо да се сруши целиот прелистувач.

Прочитај повеќе

Според „State of the Internet" извештајот на Mozilla, нивниот Firefox сега држи 30 отсто од пазарот на интернет прелистувачи односно над 350 милиони корисници го користат Firefox. Oва е сериознo искачување на Firefox на пазарот на прелистувачи, бидејќи долго време стоеше на 25% далеку оставајќи ги зад себе Chrome, Safari, Opera, но и далеку зад Internet Explorer кој е доминантен на пазарот.

Прочитај повеќе

Mozilla објави додаток за Firefox кој ги собира вашите контакти од, пример, Twitter, Gmail… и ги склопува во синхронизирана датабаза со цел полесно да стапите во контакт со некој од вашите пријатели преку прелистувачот.

Прочитај повеќе

Овој викенд во Прага се оддржа втор по ред Mozilla Camp во Европа. Јас ја имав таа можност да присуствувам на настанот кој е посветен на работата и промоцијата на Firefox 3.5. Имаше околку 180 учесници, а целта на кампот е да се запознаат сите локализатори, девелопери, промотери и други помагачи на Mozilla проектот во Европа, како и да се запознаeме со новостите кај Firefox, Fennec, Firebux, Jetpack, новите промоции…

Прочитај повеќе

Мozilla Firefox е убедливо најкористениот прелистувач oд македонските корисници, покажа нашата анкета. Иако зазема околу 60 отсто од глобалниот пазар сепак, според 318 анкетирани, Internet Explorer е далеку зад Firefox, Google Chrome и Opera. Firefox го има монополот. 66.7 отсто од испитаните го користат овој пребарувач, додека зад него е Google Chrome со 13.2%, па следи Оpera со 9.7, IE со 6% и на крај од најпознатите прелистувачи е Safari со 2.8%.

Прочитај повеќе