Наместо да предаваме во училница и да трошиме и печатиме книги би можеле да правиме и HD едукација, значи да направиме телевизиска едукација на голем број корисници, повеќе отколку што собира едно училиште. Вака размислува 9-годишниот Марко Чаласан кој неодамна стана најмладиот Мicrosoft систем администратор во светот.

Прочитај повеќе

Деветгодишниот Марко Чаласан стана најмладиот Microsoft цертифициран систем администратор. „Моцарт за компјутерите“, како што го нарекуваат медиумите, вели дека најголемата желба му е да се пресели во САД бидејќи таму е „високата технологија“ и таму е Редмонд – седиштето на Microsoft. Неговите родители Радица и Милан Чаласан (кој е и самиот систем администратор) велат дека Марко научил да пишува и чита уште од 2 години, по што веднаш го привлекле компјутерите и започнaл да реплицира операции и кодови кои ги наоѓал сам на интернет.

Прочитај повеќе