Vip Android предизвикот е натпревар за креирање Android апликации. Сите девелопери од Македонија се поканети да учествуваат во натпреварот, а најдобрата апликација ќе добие 500.000 денари и HTC Desire мобилен телефон. Второто место ќе добие 150.000 денари и HTC Legend, а сите одобрени апликации од Android Store ќе добијат HTC Tattoo.

Прочитај повеќе

Nexus Оne e првиот телефон на Google со кој гигантот директно  навлезе на пазарот на мобилни телефони. Благодарение на фактот дека телефонот е брендиран со логото на Google, Nexus One инстантно го доби вниманието на голем број медиуми и интернет корисници. Паметниот телефон е изработен од тајванскиот производител HTC и очекувано доаѓа со мобилниот оперативен […]

Прочитај повеќе

Nokia престави 3 модели на мобилни телефони кои се со опции фокусирани на друштвените мрежи и споделувањето.

Прочитај повеќе

Ако пред само година-две беше реткост да се забележат паметни телефони (smartphones) кај македонските корисници и се чувствуваше степен на ексклузивност кога некој имаше iPhone или последен модел на Nokia или BlackBerry, денеска сликата на македонскиот пазар е сосема различна. Благодарение на достапноста на уредите и се по-„смарт“ корисници, овој вид на телефони се во многу џебови и очигледно според сите очекувања и самата побарувачка бројката само ќе расне и понатаму со забрзано темпо.

Прочитај повеќе

Истражување на GetJar, продавница за апликации, пазарот за овој вид софтвер ќе достигне 17.5 милијарди долари до 2012 година, а бројот на симнати апликации ќе достигне до 50 милијарди што е огромена бројка, 7 пати повеќе, од 7 милијарди симнати апликации во 2009 година.

Прочитај повеќе

Сигурно чувте за интернет во автобуси, звучи како интересен проект, но реалноста бара многу попрактични решенија кога се работи за јавниот превоз.

Нарекувајќи го „ЈСП/Таxi Мобиле“, Горјан Јовановски направи ефикасна мобилна верзија на страната на ЈСП. Преку мобилните страни кои се направени да не трошат многу интернет можат да се најдат термините кога и каде пристигаат скопските автобуси. Доколку не ви се чека, тогаш преку истиот сајт разгледувате броеви на такси служби.

Прочитај повеќе

Холандската фирма Distimo ја објави својата презентација од Светскиот конгрес за мобилна технологија во која ја разгледува состојбата на продавниците за мобилни апликации. Нивната анализа го потврди фактот дека Apple е крал на мобилните апликации со над 150.000 апликации за разлика од Android кој има само 20.000 апликации. Интересен податок е што од 150-те илјади iPhone апликации дури 58% од нив се видео игри, а 18% се за забава.

Прочитај повеќе