Неколку македонски портали стартуваат Асоцијација на македонски интернет портали со цел, како што велат, да ги „штитат професионалните и бизнис интересите на веб порталите, за заштита на авторските права и подобрување на бизнис условите“. Асоцијацијата ја формираат интернет медиумите Kurir.mk, Netpress.com.mk, Maxim.mk, Press24.mk, како и телевизија Сител, магазините Вечер и Република, и агрегаторите на вести […]

Прочитај повеќе

Сител, еден од најголемите извори на информации во Македонија, попознат како медиум, се реши да го загрее национализмот кај својата публика со објавување на видео со наслов „За сите што не веруваат дека Македонија е центар на светот“. Во видеото Сител oтвара Google Earth, алатка за 3Д мапи, и зумира. По две-три кликања се гледа […]

Прочитај повеќе

Толку од соларниот полнач за мобилни кој пред само пет дена беше поставен на плоштадот Македонија. Поголемиот дел од кабловите се искинати, како што може да се види од сликата на Android Mакедонија.

Прочитај повеќе

Канал5 забележа дека Основниот суд Скопје 1 користи Google Translate за да ја преведе својата веб страница на англиски јазик. Бидејќи Google Translate e роботски превод, дознаваме дека Основниот суд Скопје 1 e „Basic court“ со надлежност за населбата „Mineral Water”. Проверивме на Google Translate и се уверивме дека администраторите само ја ископирале македонската содржина […]

Прочитај повеќе

Деветнаесет македонски медиуми и портали објавија copy-paste вест дека „Мишел Обама ќе го откачи Барак“! Деветнаесет македонски медиуми и портали. Деветнаесет! Наспроти ниту еден релевантен светски медиум.

Прочитај повеќе

Сајтот на скопската автобуска станица – sas.com.mk – е еден од ретките сајтови кои можеа да ве остават без зборови кога ќе го отворите… прво си мислите дека лошо е вчитан, за потоа да прснете во смеење кога ќе ги видите двата автобуси кои поминуваат.

Прочитај повеќе

Денеска беше промовирана новата веб страница на Државниот пазарен инспекторат која ќе ја зголеми транспарентноста.

Прочитај повеќе

После скоро два месеци, конечно ги имаме победниците на IT.com.mk Награди 2010, одредени според гласовите од публиката (70%), која ги номинираше сите кандидати и можеше да гласа од 10-ти до 22-ри декември и според гласовите на жирито (30% од вкупните гласови по категорија) составено од основачите на IT.com.mk.

Прочитај повеќе

Во последно време може да се забележи дека македонската Twitter заедница постојано расне. Бројот на корисници и општо активноста на сервисот за микро-блогирање постепено се зголемува… но и покрај позитивниот раст на овие полиња, навистина интересен е самиот „менталитет” кој се разива во твитосферата каде што во последните неколку месеци најпопуларен е тагот “#mkfail” (тагот со кој се одбележува неуспехот) и тролањето („специјална вештина“ со која се исмејува сé, само заради лична забава).

Прочитај повеќе

BBC објави интересен текст „Зошто компаниите мора да го следат секој ваш чекор на Facebook, YouTube, Twitter“, во кој пишува за денешнава моќ на потрошувачот и како денеска компаниите не можат да си дозволат да бидат дрски, да ги игнорираат корисниците и со тоа да привлечат негативна репутација.

Прочитај повеќе

Дневник, уште еден во листата на fail ИТ информирање. Интересно насловот на веста си нема никаква врска со ископираниот ПР текст пратен од Vip кон медиумите.

Прочитај повеќе

Не знам како да го објаснам смеењето кое ме фаќа секогаш кога ќе отидам на сајтот на скопската автобуска станица. Сајтот има два автобуса во движење, има и глобус што се врти, има и мапи доле… сајтот е неверојатен! Но, почекајте, дизајнот не е ништо. Сајтот отприлика околу 20-ти во месецот се гаси бидејќи го истрошува одредениот бендвит.

Прочитај повеќе