Mitsubishi ги претстави светилките кои за неколку години би можеле да бидат насекаде. Овој пат не станува збор за паметни светилки, или можеби се паметни, но тоа не е нивна главна карактеристика. Најважно е дека во целост го копираат дневното светло и се копија на прозорци. Дополнително, диодите можат и да имитираат изгрејсонце и зајдисонце. […]

Прочитај повеќе

(ова е гостински текст на Oгнен Плавевски, кој веќе подолго време се занимава со дизајн. Повеќе за Огнен на неговиот LinkedIn профил)
 
Овие денови имав задоволство да пазарам за нов автомобил. Иако новиот автомобил кој го купив беше по моите стандари, онлајн потрагата по него дефинитивно не задоволи кај дел од дистрибутерите. Скоро сите брендови кои ги побарав беа до некој степен застапени со веб сајт, но имање веб сајт не значи и информирање на потрошувачите за понудата и цените на автомобилите. Веб сајтовите се разликуваа по технологии од обични HTML страни, до по џиџе флеш страните (и морам да признаам по нефункционални), од неажурирани, до редовно одржувани, и до оние кои ги имаа ради реда.

Прочитај повеќе