Facebook дојде до добра идеја да ги истакне нотификациите за фан страните на кои сте администратор, истакнувајќи ги од десно на страната, без да мора да се префрлувате.

Прочитај повеќе

FellowUp е бесплатен онлајн сервис кој го олеснува истовременото раководење на повеќе профили на друштвените мрежи. Тоа што го прави овој сервис поразличен од многуте со иста намена, е тоа што FellowUp освен што ги собира на едно место информациите од корисничките профили, истовремено ги комбинира и врз основа на претходно внесеното дава различни типови на препораки. Препораките варираат од сугестија за честитка за роденден, до локација за средба со одреден профил на корисник.

Прочитај повеќе

Teamlab e алатка за менаџирање на мал бизнис или тимски проект. Со Teamlab едноставно може да се креира еден вид портал со вести, блогови, форум, чет… кој ќе ви послужи за интеракција и комуникација со членовите од тимот. Или пак да си креирате нов проект кој ќе може да го менаџирате, да закачувате фајлови или да доделувате задачи на членовите од тимот.

Прочитај повеќе

Друштвената мрежа стартуваше нови, подобри опции за администраторско менаџирање на фан страните. Сега контролата која ја имате врз вашата страната ќе ја спроведувате преку поедноставен интерфејс со кој „администраторите ќе гледаат и пристапат до сите аспекти на менаџерот за страни без да скролаат надолу“ вели Facebook.

Прочитај повеќе

FilerFrog е апликација за Windows со која само со десен клик ќе можете да менаџирате фајлови, пример, да го менувате името, да го енкриптирате, да екстрактирате фајлови, да се промени големината на слика, правање .pdf албуми … и број други мали и корисни функции.

Прочитај повеќе