„Верувам дека весниците ќе наплаќаат за нивната онлајн содржина“ рече Руперт Мурдок, медиа могулот, во интервју за Fox News Business Channel на кое зборуваше за иднината на весниците. „Весниците трчаа кон интернетот за да добијат и привлечат поголема публика и внимание кон себеси, но тоа им наштети. Сега тие ќе треба да се повлечат и да речат ‘Еј, ние ќе треба да наплаќаме за ова’.” вели г-дин. Мурдок.

Прочитај повеќе

Сајбер-војна или обично препукување? На почетокот на овој месец се појавија два инциденти кои вклучуваат хакерски упади и претседателски сајтови. Прво беше хакнат сајтот на македонскиот претседател Бранко Црвенковски oд хакерската група Kosova Hackers Group (KHG). Taa вест се појави на националните медиуми со извичник на крај на насловот. Извичникот значи нешто сериозно, како на пример, упад на претседателски сајт, сајт на највлијателниот човек во една земја. Евентуално пораката на KHG оставена на сајтот на македонскиот претседател беше тргната. Но проблемот со безбедноста на важни сајтови застана тукa.

Прочитај повеќе

You Tube објави конкурс за граѓанско новинарство, бараат видео вест направена од обичните луѓе. Видео прилогот треба да биде за некоја личност од вашата заедница, маало, друштво кој мислите дека е посебна и „светот треба да знае за него/неа“ како што вели Стив Гроу, кој ги води вестите на YouTube.Тој додава дека „од почнувањето на YouTube ИЛЈАДНИЦИ видеа направени од ОБИЧНИ луѓе раскажаа приказни и осветлија многу ситуации на начин кој не беше возможен ПОРАНО„.

Прочитај повеќе

Ни пропадна планот “на големо” да известуваме за блогерската конференција Глокал 2.0 која се одржа на Њујорк Универзитетот во Скопје од 8 до 10 Мај. Конференцијата дефинитивно си доби внимание од блогосферата и медиумите, а повеќе информации за како се одвиваше и што беше презентирано можете да прочитате на официјалниот блог на Глокал 2.0, а […]

Прочитај повеќе