Internews почнува прекуграничен проект кој ќе се занимава со изработка на мултимедијална продукција на вести и со регионална размена на медиумска содржина наречен “Јакнење на независните медиуми во Европа и Евроазија”. Целта на овој проект е на граѓаните да им обезбеди пристап до проверени информации за локални, регионални и глобални теми од јавен интерес и […]

Прочитај повеќе

Медиумската сцена драстично се менува во поглед на нејзините засегнати страни. Низ серија на спојувања и преземања кои почнаа да се одигруваат после последниот Weekend Media Festival, значително се промени изгледот на медиумската сцена во регионот. Паралелно со глобалните промени во медиумската сфера, се менува и регионалната медиумска сцена и сведоци сме на можеби најголемите […]

Прочитај повеќе

Види Вака е медиум кој ги носи актуелните вести од секојдневието на место каде денешната младина поминува највеќе време, социјалните мрежи. Види Вака се појави во 2016 година и тогаш имавме шанса на самиот почеток да дознаеме нешто повеќе за нив и за идејата позади оваа платформа, па така и денес, кога одбележуваат 500 видеа, […]

Прочитај повеќе

Најголемата друштвена мрежа, Facebook, го најавува Facebook Journalism Project. Платформата наменета за новинарите треба да им овозможи на корисниците да дискутираат за вестите, да се поврзат меѓу себе и да се информираат. За оваа цел Facebook создаде програма која ќе ги зајакне врските помеѓу Facebook и медиумите. Соработката со медиумите ќе овозможи нивно директно учество во развојот на […]

Прочитај повеќе

Вообичано крајот на годината е оставен за рекапитулација и потсетување на настаните од минатата година. Оваа година не е исклучок и веќе може да разгледаме дел од најгледаните и најзначајните настани објавени на многу сајтови. Сепак кога медиумите се во прашање вестите на годината се во погрешни проценки и лажни вести, вели Wall Street Journal. […]

Прочитај повеќе

Од почетокот на месецов, на друштвените профили започна да функционира платформата ВидиВака, чија мисија е да ги донесе актуелните теми во општеството до публиката која поминува часови и часови на Facebook, Twitter, Instagram и YouTube. Публика која практично и не поседува телевизор и нема навика да ги процесира информациите преку традиционалните медиуми. Форматот на кој ВидиВака ги пакува […]

Прочитај повеќе

Според статистиката споделена од страна на агрегаторот на вести GRID.mk, кој индексира 158 активни медиуми на македонскиот веб простор, само во месец август, 2016, македонските портали објавиле повеќе од 115.000 текстови, или во просек 3.711 статии на ден.  Најактивен портал од индексираните е plusinfo.mk, со објавени 4.235 написи, 34 повеќе од порталот на телевизија Сител – sitel.com.mk, кои имаат […]

Прочитај повеќе

Најголемата социјална мрежа се залага за искоренување на постовите кои се направени за да привлечат што е можно поголем број на посетители. Станува збор за текстови кај кои насловот нема премногу врска со текстот. Facebook неколку пати досега го менуваше алгоритамот, но барем засега без премногу успех. „Наша цел е во News Feed да има […]

Прочитај повеќе

Иднината на новинарството е во Нови Сад, тврди Startit.rs, објавувајќи фантастична вест за новосадскиот стартап Content Insights, кој доби вкупно 1,1 милион евра од неколку фондови: North base Media, Neveq и Eleven. Парите на Content Insights, кој стартуваше пред само две години, му се потребни да го зголеми тимот и да ги усоврши своите алатки […]

Прочитај повеќе

Коментарите на веб се еден од најдобрите начини за интеракција со корисниците, и подеднакво се важни за продлабочување на приказните кои ги објавуваат медиумите. Но, за жал, истрагата на 70 милиони коментари од 2006 година до денес ја покажуваат темната страна на интернетот. Според истражувањето на Guardian, осум од десет новинари кои се цел на […]

Прочитај повеќе

Амнестија за сите политичари кои се обвинети за криминал! Ова е најверојатно најконтраверзната одлука по која ќе остане запаметен претседателот Ѓорѓе Иванов во своите два мандати како „татко на нацијата“. Контраверзната одлука доаѓа под оправдание на г. Иванов да се стави крај на политичката криза која трае повеќе од година дена откако беа објавени снимените […]

Прочитај повеќе

Хрватскиот Net.hr има нов интересен начин да се справи со блокирањето на рекламите. За корисниците кои користат AdBlock, популарниот портал ќе им ги блокира сликите. Сликите се заменети со соопштение кое потсетува дека и новинарите мора од нешто да живеат, и бараат со исклучување на блокирањето да се поддржи хрватското новинарство. Во споредба со остатокот […]

Прочитај повеќе