Според истражувањето за активност на политичките партии на Интернет, три партии немаат сопствен сајт, другите пак се активни на Facebook за промоција на настаните и политичката пропаганда, а присуството на Тwitter е мало. Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот за демократија Социетас цивилис – Скопје (ИДСЦС) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) во април 2011 г. направија истражување во кое се прикажува моменталната состојба (заклучно со 25 мај 2011 година) на интернет-страниците на партиите и коалициите кои учествуваат на парламентарните избори 2011.

Прочитај повеќе

Ushahidi поради својата одлична можност за мапирање на итни настани со помош на сите инволвирани во истите беше изгласан како пионир на технологијата за 2010, а самата платформа се покажа неверојатно корисна во бројни примери ширум светот за следење на изборите и помагање при незгоди и природни катастрофи.

Прочитај повеќе

(oва е превземен текст од истражувањето на Борис Ристовски од Македонски центар за меѓународна соработка (MCMS))
 
Иако веројатно сè уште не можеме да се споредуваме со развиениот свет, сепак бројот на корисници на Интернет во Македонија расте секој ден. Расте и бројот на креирани веб-сајтови. Заклучно со 1 декември 2010 година, на глобално ниво се регистрирани 126.036.915 поддомени под врвните домени (.com, .net, .org, .info, .biz, .us), според http://www.dailychanges.com, а во Македонија 17.670 домени.

Прочитај повеќе