Сервисот за микро-блогирање во 140 карактери ги стартуваше Promoted Accounts, односно својата нова маркетинг шема. „Промовираните профили“ се исти како што пишавме претходно, работат така што се појавуваат во Who to Follow листата за сугестии. Целта е компаниите и сите заинтересирани да допрат до повеќе Twitter корисници и со тоа да имаат поголем број следбеници кои ќе ги читаат промотивните твитови. Промовираните профили нема да се појават ако никој од вашите следбеници и луѓето што ги следите не го следат тој профил.

Прочитај повеќе

Twitter стартува нова, трета маркетинг понуда Promoted Accounts. Компаниите кои ќе сакаат да се рекламираат ќе можат да си купат место на листата за сугестии who to follow со што ќе си добие можност да го зголеми бројот на следбеници на својот Twitter профил, пишува All Things Digital. Promoted Accounts се уште не е официјално објавена и со тоа нема информаци за цената на оваа услуга.

Прочитај повеќе