SOAP Injection, Information Leakage, SQL Authentication Bypass, Rootkits, Social Engineering, Phishing… се бројните теми кои се дискутираа на HackTheHackers настанот организиран од Семос Едукација на 1-ви април во Европски универзитет во Скопје, каде што Никола Николовски, раководител на EC-Council одделот, ја презентираше новата верзија на CEH (Certified Ethical Hacker) курсот, верзија 7. Интересна иронија на денот на шегата е да се дискутира за сериозноста на сајбер нападите :D. Тоа што радува е што на настанот присуствуваа над стотина луѓе, од кои повеќето беа претставници од владини организации и телекомуникациски компании, што дава поттик да се организираат вакви настани се почесто со цел да се информира, едуцира и развие свеста за информациската безбедност.

Прочитај повеќе