Fourquare само по две години од стартувањето влезе во одлично-за-негов-раст партнерство со гигантот American Express. Соработката ќе значи дека секој корисник на кредитните картички ќе има попуст во некои продавници и ресторани кога ќе се чекира и плати со картичката.

Прочитај повеќе

Да ја одбележиме оваа доста луда ситуација, направивме мал инфографик, вели Foursquare прославувајќи 10 милиони корисници кои се расположени да ја споделат својата локација со светот.

Прочитај повеќе

Како и во неколкуте последни случаи, во најголем дел новитетите и измените на платформата на Facebook се врзани за адаптации кои водат кон поголеми поволности при промовирањето преку мрежата. Последните измени кои ги направи Facebook се однесуваат на Facebook страниците, Facebook Places и апликациите.

Прочитај повеќе

За Европската Унија собирањето корисничка локација преку паметните телефони или интернет компании, е исто како собирањето име или роденден, односно тоа се приватни податоци на кои мора да се внимава.

Прочитај повеќе

По контроверзното откритие дека iOS уредите складираат огромни количества информации за корисничката локација, соберени преку мобилните репетитори и Wi-Fi мрежите, Apple објави закрпа за сите iOS уреди.

Прочитај повеќе

Apple конечно се огласи објаснувајќи ја потребата од собирање корисничка локација преку iPhone. Ова складирање на локацијата скоро до една година беше откриено неодамна од двајца истражувачи дека се случува во фајл кој не е зашититен и енкриптиран на iPhone. Собирањето локација не се случува преку GPS, туку преку мобилните репетитори. Подоцна се откри и дека Android го прави истото и дека двете компании, Google и Apple, ги информираат корисниците за вакво складирање на локации, иако не споменуваат како се прави тоа.

Прочитај повеќе

Минатата недела беше откриено дека iPhone ја собира локацијата на корисникот. Подоцна ваква пракса на складирање на локацијата беше најдена и во Android, кој скоро на ист начин како и iPhone ги собира локациите, открива шведскиот програмер Магнус Ериксон. Android собира информации за локацијата од најблиските 200 Wi-Fi мрежи на кои што наидува и прави листа од 50 места. Кога таа листа ќе се исполни локацијите се бришат, првин најстарите, што е различно за iPhone кој чува локација од скоро година дена. Исто така поразлично од iPhone е што на Android е малку потешко да се дојде до фајлот со локациите, додека кај првиот тој фајл не е заштитен ниту енкриптиран.

Прочитај повеќе

Багатела.мк e агрегатор на групни попусти, собирајќи ги сите попусти од сите .мк сервиси за групно купување на едно место. Ваквите агрегатори се појавија од неодамна продолжувајќи го трендот на групното купување. За тие што не знаат, групното купување подразбира дневни попусти за кои е потребно да се соберат доволен број, пример 20, заинтересирани корисници за истиот да успее т.е. да биде дозволен. Доколку нема доволно луѓе се враќаат парите.

Прочитај повеќе

Се чини дека Apple ја знае локацијата на сите iPhone корисници па дури и кога ќе сменат уред, синхронизирајќи таен фајл преку iTunes. Двајца истражувачи, Пит Варден и Алесдар Алан велат дека е можно да се собирани податоци за локацијата скоро година дена почнувајќи од iOS 4 надградбата на оперативниот систем која беше објавена во јуни 2010-та.

Прочитај повеќе

Како што е сега, македонските корисници не можат да купуваат Android апликации, имаат пристап само до бесплатните, бидејќи Google вели дека е потребно да се постави локална поддршка за корисниците да купуваат и девелоперите да продаваат апликации.

Прочитај повеќе

Color е нова апликација за iPhone и Android за брзо, мобилно и јавно споделување фотографии и видео. Покрај споделувањето фотографии и видео, една од опциите е што Color сам избира кои фотографии ќе ви ги прикаже зависно од локацијата на која сте.

Прочитај повеќе

Алатката за споделување локација Facebook Places сега е активирана и за македонските корисници да можат да се чекираат, односно да тагираат места на Facebook кои ќе си добијат своја страна која ќе може да се едитира со слики и информации.

Прочитај повеќе