Vip конечно ја објави листата на сите апликации кои учествуваа на натпреварувањето. Покрај двете победнички Android апликации, третото место го поделија 78 апликации. Сите апликации се на македонски и се бесплатни, па доколку користите Android ќе ги најдете на Android пазарот. Симнете, тестирајте ги и пишете ни што мислите!

Прочитај повеќе

Надополнето: Страната е тргната и линкот не работи. Ова може да значи дека или има грешка со веб апликацијата или Facebook само ја тестира оваа опција.

Прочитај повеќе

Магазинот Time објави листа од 50 најдобри веб сајтови, во која нема рангирање, туку сајтовите се подредени низ неколку категории. Можеби листата е малку ориентирана кон САД посебно категоријата за спорт, сепак Time е американски магазин. Но… и покрој тоа листата е одлична од аспект да се видат модерните веб страни, содржината и услугите кои тие ги нудат, како и нивното се поголемо влијание ширум светот, како на пример TED.com и Wikileaks.com кои се најдоа меѓу најдобрите во категоријата за најдобри сајтови за вести.

Прочитај повеќе

Откривањето на македонските Android апликации продолжува. Очигледно e дека сите сме нестрпливи да ја видиме официјалната листа од Vip Android предизвикoт. Интересно и One стартува уште еден ваков натпревар. Ова е одлично нешто за да се мотивираат програмерите да направат број корисни македонски апликации. Незгодно е што најверојатно на двата натпревари ќе видиме исти апликации во подруга верзија но има доста време да се направат и нови.

Прочитај повеќе

Денеска ни беше доставена листа од 18.000 имејл адреси и лозинки на Facebook корисници, од кои според адресите и лозинките, можеше да се заклучи дека голем дел се од Македонија. Преку податоците сајбер криминалците зад овој вид на измама наречен “phishing” (вид на сајбер измама преку која криминалците доаѓаат до личните податоци на корисници, најчесто лажирајќи го својот идентитет преку имитирање на кредибилни апликации, сајтови, и-мејл пораки..), е дојдено преку лажната апликација на Facebook наречена News Feed.

Прочитај повеќе

Уште од поодамна, работев со неколку алатки за тестирање на сигурноста на напишаниот код односно Source Code Audit, алатки кои помагаат автоматски да си ги увидите грешките од кои доколку ги промашите, може да произлезе сериозен проблем во вашите апликации и да бидат цел на разни слабости или напади или пак неочекувани исклучувања и сл.

Прочитај повеќе