Лик Геисбулер и неговиот син од Бруклин лансираа iPhone и HD камера во вселената, поточно 30 километри во стратосферата. Нивната мисија беше да ја снимат „темнината над Земјата“ со HD видео камера. За таа цел тие наполнија атмосферски балон со хелиум и на него закачија кутија за iPhone-от и камерата која го сними целиот пат до горе и назад. Во стратосферата поради недостиг од атмосферски притисок балонот евентуално пука, паѓа назад, при што се отвара падобран, и слетува успешно 30 километри оддалечен од местото на лансирање по што е лоциран благодарение на GPS технологијата на iPhone-от.

Прочитај повеќе