Клиентот е секогаш во право, дури и кога не е во право. Тоа е мантрата на модерниот бизнис, која со друштвените мрежи станува сериозна идеја која брендовите треба да ја размислат поубаво. Не бидејќи клиентот е навистина секогаш во право, туку бидејќи може да го сподели своето искуство со сите други кои ќе му веруваат повеќе нему бидејќи му се пријатели, отколку на некоја непозната „корпорација“ или „бренд“.

Прочитај повеќе

Time.mk ги редизајнираше групите, и категоријата „Технологија“ се најде во „Живот“ заедно со другите спорадични теми, забава, музика, здравје итн. Ова не е случајно или грешка, групите се составени според изворите или според темите, но е комплетно погрешно. Ситниот, за некои неприметлив детал, промената на категории на Time.mk ја отсликува целокупно состојбата на развојот и разбирањето на технологијата во Македонија.

Прочитај повеќе

Покрај тоа што со друштвените мрежи не го забораваме роденденот на најблиските или пооддалечените пријатели, самите мрежи ни го отвараат светот поврзувајќи не со други „странци и непознати“, кои сега ни се следбеници на Twitter или пријатели на Facebook, и поврзувајќи не со брендовите кои ни доставуваат информации на нашиот профил.

Прочитај повеќе

Од оваа утро, 500 милиони луѓе ширум светот активно го користат Facebook да останат поврзани со пријателите и луѓето ооклу нив, вели Марк Зукерберг, основачот на мрежата.

Прочитај повеќе

Знаејќи ја популарноста на мрежата, оваа достигнување беше само прашање на време, нели?

Прочитај повеќе

Целта на mobile.komunikacii.net блогот е да ги олесни изборот на оние кои сакаат да купат нов телефон, да ја најдат соодветната апликација за својот мобилен телефон и да се информираат за тоа до каде е стасана во развојот мобилната технологија кај нас, но и во светот, вели Мите Кузевски, кој заедно со Виктор Стојановски го стартуваа блогот.

Прочитај повеќе

Пазете се ве прислушуваат! Или можеби не, како би знаеле дали ви ги некој следи вашите комуникации или дигатално собира информации за вас? Кого ќе прашате и кому ќе му се обратите? Ова е една од неколкуте интересни поенти искажани на дискусијата за „Приватност во Македонија“ организирана од фондацијата Метаморфозис пред се за отварање дебата за измените на Законот за електронски комуникации.

Прочитај повеќе

Vip оператор воведе услуга со која твитерџиите бесплатно ќе можат да добиваат SMS пораки за сите Twitter постови кои ги следат, и ќе можат преку SMS да постираат твитови по цена на пораката, односно 5.9 денари за твит.

Прочитај повеќе