(Oва е гостински текст на Арангел Ангов, долгогодишен член и придонесувач во фондацијата и проектот GNOME, како и член на 2с.мк и хаклабот КИКА.)
 
Како дел од Google Summer of Code, фондацијата GNOME им дава на сите заинтересирани кандидатки шанса да учествуваат во еден од најголемите проекти во светот на слободниот софтвер, работната околина (или десктопот) GNOME. Иницијативата на фондацијата GNOME, GNOME Women Outreach Program е одлична шанса за младите студентки по компјутерски науки од македонските универзитети да добијат можност да работат заедно со луѓето од GNOME заедницата кои што ќе учествуваат во проектите како тутори со долгогодишно искуство во понудените области.

Прочитај повеќе

Првиот скопски хаклаб КИКА бара помош во вид на донации. КИКА e место отворено за сите заинтересирани, од ентузијасти до професионални програмери и хакери кои се заинтересирани во истражување на компјутерскиот инженеринг, за дискусија или за помагање и споделување ИТ знаење.

Прочитај повеќе

Oваа сабота, 30 октомври, се случува првиот TEDxSkopje настан на кој, под мотото „Идеи вредни за споделување“ ќе говорат 12 македонски експерти, ентузијасти, научници… кои ќе ги споделат своит искуства и идеи.

Прочитај повеќе

По повод Светскиот ден на интелектуалната сопственост во хаклабот „КИКА“ се дискутираше за авторските права во денешново дигатално време.

Прочитај повеќе

Стартуваше „КИКА“ хаклабот во Скопје организиран од Слободен Софтвер Македонија. „КИКА“ е Информации. Култура. Автономија. и е долгогодишна идеја за технолошки автономна зона во која ќе се занимаваме со технологијата и нејзиниот пресек со културата, новите медиуми и општеството, пишва на блогот на Сподели Знаење.

Прочитај повеќе