Норвешка прекинува со тестирањата на е-гласањето. Тестирањата беа направени на локално и национално ниво, но сепак поради безбедносни закани се одлучија да ги прекинат тестовите. Според норвешката влада, тестовите прекинуваат поради стравувањата на граѓаните дека тајноста на нивното гласање може да биде нарушена . „Постои политичка контраверност колу тестирањето и Парламентот повеќе пати разговарал околу […]

Прочитај повеќе

Дали гласате за омилената боја, или гласате за вистинскиот кандидат кој ќе работи за вашите интереси? За да се биде градоначалник не е потребно само харизма, или пак да се биде од таа или онаа партија. Кандидатот треба да има добар план за работа кој ќе им служи на сите граѓани во следните четири години. […]

Прочитај повеќе

Друштвените мрежи се полесен начин да се остане во контакт со граѓаните, да се споделат идеи и да се реaлизираат за подобро општество. Тоа го сфатија oколу 57 отсто од кандидатите за градоначалници на локалните избори 2013 година, кои отворија свои друштвени профили. Скоро сите од нив имаат свој Facebook профил, а некои и по […]

Прочитај повеќе

Нова група на хактивисти кои се нарекуваат Mexican Cyber Protest,  нападна и сруши десетина владини и останати веб страни во Мексико, јавува BBC. Нападот е поради узурпирањето на власта од страна на претседателот на Мексико кој, според нив, е избран со фалсификат. А покрај владини, нападнати се и страни на политички партии и медиумски организации. […]

Прочитај повеќе

Германската Пиратска партија, основана во 2006 година, за прв пат во својата историја обезбеди пратенички места во берлинската регионална влада. „Пиратите“ освоија 8,9 проценти од гласовите, надминувајќи ги Слободните Демократи кои се дел од коалицијата на конзерватината партија на Ангела Меркел. Оваа победа претставува одлична основа за Пиратската партија да се кандидира и на национално […]

Прочитај повеќе

Ushahidi поради својата одлична можност за мапирање на итни настани со помош на сите инволвирани во истите беше изгласан како пионир на технологијата за 2010, а самата платформа се покажа неверојатно корисна во бројни примери ширум светот за следење на изборите и помагање при незгоди и природни катастрофи.

Прочитај повеќе

Во Македонија скоро сите партии имаат тим за интернет кампања. Можеби мотивирани што скоро пола Македонија, скоро 900.000 гласачи се на друштвените мрежи, можеби импресионирани од кампањите на Барак Обама, партиите работат на Facebook профили на кандидатите, Twitter комуникација, YouTube видеа, се праќаат имејлови, се со обид да се биде што е можно поинтерактивни.

Прочитај повеќе

Twitter покрај топ трендовите и топ нови твитерџии во 2010-та година, објави и листа на најмоќни твитови за оваа година.

Прочитај повеќе

Имам 5.000 пријатели што е максимум на Facebook, а јас имам уште 7.000 кои сакаат да ми станат пријатели, вели новиот хрватски претседател Иво Јосиповиќ кој освои 60% од гласовите во вториот круг на 11 јануари.

Прочитај повеќе

Протестите во Иран продолжуваат. Иако се прогласени како нелегални од Ајатолах Али Кхаменеи, врховниот лидер на Иран, сепак активистите повторно излегоа на улиците и се судрија со полицијата. Има и жртви… видеото снимено со мобилен за иранската девојка Неда Солтан во моментите на умирање откако беше застрелана, е еден од најбараните термини преку друштвените мрежи. Интернетот стана алатка преку која светот дознава за деталите од протестите, додека владата на Иран се обидува да го блокира.

Прочитај повеќе

(© http://www.flickr.com/photos/mousavi1388/)

Незадоволни од повторното избирање на Махмуд Ахмадинеџад како претседател на Иран, веќе два дена низ улиците на Техеран, активисти и приврзаници на Мир-Хосеин Мусафи, против-кандидатот на претседателот Ахмадинеџад, се судрија со полицијата. Според активистите резултатите од изборите се наместени за да победи досегашниот претседател Ахмадинеџад кој во својата кампања ја искористи „Yes, you can“ паролата на Барак Обама, претседателот на САД.

Прочитај повеќе

Шведската Пиратска партија на избори низ Европската унија за гласање на идните парламентарци освои 7.1 отсто од гласовите со кои влезе во Европскиот парламент. Со едно место од околу 700 парламентарци, пиратите нема да бидат во позиција да го сменат расположението кон споделувањето на фајлови или редизајнирање на начинот како авторските права функционираат, нивните две цели.

Прочитај повеќе