Claxi на Bransys, Fualoyal од 4Virtus, решението за јавни набавки на Горд, и решението за имплементираност во возилата на ЈСП од Македонски Телеком, се победници на годинешните ИКТ награди 2016 на Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (MASIT). На натпреварот се пријавија десет решенија кои се натпреваруваа во пет категории: приватен сектор, јавен сектор, извонредни мобилни решенија, решенија за дигитални […]

Прочитај повеќе

Vip оператор го стартуваше првиот Android натпревар, први донесоа таблет компјутер, се прогласи за најкомпанија на Twitter и беше прогласена на ИТ наградите како компанија на годината на .мк сцената. Направивме интервју со директорот на VIP, Никола Љушев кој освен што се заблагодари до корисниците на наградата сподели и интересни мислења за социјалните медиуми, паметните телефони и за наплив на таблет компјутерите.

Прочитај повеќе

Наскоро Марко Чаласан ќе патува во Цирих, кај Google, за да го презентира својот проект за пренесување на HD видео преку послаби мрежи, проект преку кој ќе понуди ИТ лекции за училиштата во Македонија; кога би избирал меѓу Бил Гејтс и Стив Балмер, двата директори на Microsoft, би го одбрал Гејтс, но сепак за Балмер вели „кога дојде тој, се е ново“; направил и крак за Nero, но родителите го спречиле да го објави на интернет бидејќи нели сепак краковите не се легални, а за ИТ наградата за личност на годината на .мк сцената, десетгодишниот Марко вели дека „навистина сум горд и им благодарам на сите“.

Прочитај повеќе

После скоро два месеци, конечно ги имаме победниците на IT.com.mk Награди 2010, одредени според гласовите од публиката (70%), која ги номинираше сите кандидати и можеше да гласа од 10-ти до 22-ри декември и според гласовите на жирито (30% од вкупните гласови по категорија) составено од основачите на IT.com.mk.

Прочитај повеќе

Од 00.00 оваа вечер (со мало задоцнување) започна гласањето за IT.com.mk Награди 2010. Објавени се сите кандидати кои се најдоа во Листата на номинирани и кои беа пријавени во првиот циклус од Наградите, кој траеше од 1-ви ноември до 10-ти декември. Пријавени се повеќе од 220 кандидати во 3 #mkwin и 1 #mkfail категории, од […]

Прочитај повеќе

Денеска е последен ден за да го номинирате вашиот фаворит или пак да се номинирате себе си (да, и тоа е дозволено) за IT.com.mk Награди 2010. Како што веќе е познато, ќе се одберат победници во три #mkwin категории и една #mkfail.

Прочитај повеќе