Брз, стабилен и евтин интернет. Тоа е желбата на секој корисник. Според 16 отсто од посетителите на It.com.mk македонските провајдери ги исполнуваат желбите. Но 47 отсто или 289 од вкупно 609 посетители велат дека македонските провајдери можат да понудат многу повеќе. а 6 отсто или 38 корисника велат дека услугата е лоша па често се префрлуваат меѓу провајдерите. 31 отсто пак велат дека се задоволни од услугата, но и дека секогаш се за побрз, поевтин и постабилен интернет.

Прочитај повеќе

Мozilla Firefox е убедливо најкористениот прелистувач oд македонските корисници, покажа нашата анкета. Иако зазема околу 60 отсто од глобалниот пазар сепак, според 318 анкетирани, Internet Explorer е далеку зад Firefox, Google Chrome и Opera. Firefox го има монополот. 66.7 отсто од испитаните го користат овој пребарувач, додека зад него е Google Chrome со 13.2%, па следи Оpera со 9.7, IE со 6% и на крај од најпознатите прелистувачи е Safari со 2.8%.

Прочитај повеќе