Ботнети се мрежи од компјутери кои се земени како “заложници” од страна на злонамерен софтвер кој ги контролира и најчесто испраќа СПАМ или други активности и е целосно контролиран од страна на напаѓачот. Овие мрежи несомнено растат во број и моќ. Ботнетите се далечински контролирани од самите создавачи на злонамерниот код или пак од други сајбер криминалци кои можат да пристапат до нив.
 
Ботнети првично беа создадени со цел да испраќаат СПАМ. Тие беа навистина корисни за спамерите бидејќи ги сокриваа вистинската локација и идентитет на спамерот, создавајќи дополнителни тешкотии за анти-СПАМ софтверите. Корисноста на ботнет мрежите подоцна се прошири и за DoS напади, собирање на приватни информации преку снимање на внесени карактери преку тастатура (keyloggers) и други.

Прочитај повеќе