Вредноста на Facebook се проценува на неверојатни 50 милијарда долари по нова инвестиција од 500 милиони долари, пишува New York Times. Друштвената мрежа сега вреди повеќе од eBay и Yahoo, веднаш зад Аmazon и Google.

Прочитај повеќе

Symbeose или Symbian – вметнатиот оперативен систем на Европа е конзорциум од 24 организации од 8 ЕУ земји чија цел е да се развијат модерни проекти кои ќе го зголемат глобалниот дофат на Symbian, односно овој мобилен оперативен систем да стане поконкурентен со Google-овиот Android и Apple-овиот iOS. Инвестицијата од 22 милиони евра во непрофитната Symbian фондација доаѓа од ARTEMIS иницијативата на ЕУ за истражувања и развој.

Прочитај повеќе

Хрватската компанија Pet minuta чиј продукт е Shout ‘Em, сервис за креирање микро и мобилни друштвени мрежи, доби 1.2 милиони долари инвестиции од словенскиот фонд RSG Capital. Ова е втора поголема инвестиција во Shout ‘Em откако претходно доби 350.000 долари од хрватските Bicro LTD.

Прочитај повеќе

Полека, но сигурно, Google започнува да си го гради тимот кој би требало да ја креира GoogleMe друштвената мрeжа и да му конкурира на Facebook. Купувајќи ja Slide, компанија која креира друштвени игри за различни платформи, Google покажува уште еднаш, покрај инвестициите во Zynga, дека игрите и забавата ќе бидат важен аспект од новиот друштвен проект.

Прочитај повеќе

Zynga, креаторот на FarmVille и MafiaWars, станува импресивен играч во онлајн светот. Со нивните едноставни и лоши на изглед, но сепак друштвени игри, Zynga e бизнис кој се проценува дека во 2011 година ќе има приходи од 1 милијарда долари.

Прочитај повеќе

Google Ventures, одделот за инвестиции на гигантот, за својата една година постоење објави веб сајт со информации за инвестициите. Интересно една од инвестициите е Recorded Future пребарувачот кој е кратко објаснет дека го анализира пребарувањето и може да ја предвиди иднината.

Прочитај повеќе

Дали сајт/сервис како Twitter само на македонски би функционирал во Македонија? Темата беше поставена на Кајмак.от по што веднаш доби негативни критики дека сервисот не би успеал, дека ќе заврши како некои други македонски сервиси на кои се објавуваат содржини во стил „кој колку испил“ и коментaри од видот „девојка прва класа. аа кој те сликашее тука? =) најубавааа!“ кои можат да се најдат на македонските друштвени мрежи.

Прочитај повеќе

Вчера се објавија две вести за купување, односно спонзорирање на два ИТ проекти. Првин се објави веста дека српската друштвена мрежа Poznanici.com е купена од Daily Mail со 51% удел во компанијата за сума која што не е објавена. Poznanici.com е популарна друштвена мрежа со преку 100.000 регистрирани корисници и 1.5 милион клика дневно.

Прочитај повеќе