За 24 часа Firefox 4 е симнат 7.1 милиони пати. Ова е скоро три пати повеќе од симнувањата на неодамна објавениот Internet Explorer 9 со 2.3 мил. за 24 часа, но и за 1 милиони покусо од претходниот рекорд од 2008-ма кога Firefox 3 се симна околу 8 милиони пати за 24 часа.

Прочитај повеќе

Mozilla Firefox 4 најверојатно ќе се појави на 22 март, тоа е за недела дена од сега, но само доколку нема некоја посебно незгодни грешки и багови во финалната тест верзија на прелистувачот, вели од Демон Сикоре од Mozilla.

Прочитај повеќе

Знам, знам, сигурно си велите, не уште еден тулбар! Иако и мене не ми е многу привлечна идејата да имам уште нешто над страниците кои ги посетувам, Bing тулбар овојпат носи некои интересни новини.

Прочитај повеќе

Пол Рожет од Mozilla објави вид инфографик во кој го омаловажува новиот Internet Explorer 9 чија финална тест верзија беше објавена само пред некој ден.

Прочитај повеќе

Microsoft стартуваше HMTL5 лабораторија каде развивачите и дизајнерите ќе можат да ги тестираат своите веб сајтови направени според новите веб стандарди, да видат дали функционираат на новиот Internet Explorer 9 прелистувач.

Прочитај повеќе

Microsoft најави дека новиот Internet Explorer 9 ќе има заштита против следење на корисничката активност на веб сајтовите. Заштитата, која ќе се појави со новиот IE9, ќе им овозможи на корисниците да одлучат кои сајтови и сервиси da пристапат до нивните информации.

Прочитај повеќе

Microsoft ja пушти за симнување бета верзијата на Internet Explorer 9. Од новиот прелистувач се очекува не само да ја задржи, туку и продолжи IE доминацијата на пазарот на прелистувачи каде Firefox и Chrome стануваат сериозни играчи. Во последниве три години користењето на IE забележува пад од 90 до сегашниве 60 отсто. Покрај конкуренцијата дополнителна грижа за IE е и европската забрана да се дистрибуира IE со инсталација на Windows, односно корисникот сега при инсталацијата ќе има избор од неколку прелистувачи.

Прочитај повеќе

ZDNet објави слика и пост од новиот интерфејс на Internet Explorer 9 превземени од рускиот сајт на Microsoft пред истите да бидат одстранети. Од сликата се гледа дека IE 9, како и сите модерни прелистувачи, има интересен и едноставен дизајн со кој се остава повеќе простор за веб страната, прелистувачот има само навигациски бар и помалку копчиња.

Прочитај повеќе

Првата верзија на Internet Explorer дебитираше на 16 август, далечната 1995 и по кратко време го грабна поголемиот дел од пазарот на прелистувачи кој го има и ден денес. Internet Explorer е најкористениот прелистувач во светот со над 56 отсто. Но, како што може да се види од табелата на StatCounter, во последниве две години IE добива се поголема конкуренција во Firefox, Chrome, Opera и Safari.

Прочитај повеќе