Владимир Максимовски освои сребрен, а Андреј Величковски бронзен медал на Интернационалната олимпијада по информатика за средношколци. Ова е 30-ти пат да се одржи настанот, а македонските учесници досега освоија 2 сребрени и 16 бронзени медали. Настанот се одржа од 1 до 8 септември во Цукуба, Јапонија. Ова е вторпат македонската репрезентација да се врати со […]

Прочитај повеќе

Српската иницијатива за поголема информатичка писменост Програмирај! е заслужна за задолжителна информатика во основните училишта во Србија. Сега како дел од програмата се направени и видео лекции кои може да се следат на YouTube, јави Startit. Онлајн лекциите се дело на 12 факултетски професори и наставници од основни и средни училишта. Лекциите се достапни на куп […]

Прочитај повеќе

По 28-ми пат се избира најдобар програмер меѓу основците и средношколците во Македонија. Овогодинешниот Државен натпревар по информатика е во организација на Здружението на информатичари на Македонија. Натпреварот за учениците од средните училишта се оддржува во сабота на 1 април во просториите на ФИНКИ, додека учениците од основите училишта ќе се натпреваруваат во компјутерските лаборатории […]

Прочитај повеќе


ФИНКИ ќе започне со работа од студиската 2011/12 година. ФИНКИ – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, е нов факултет кој ќе ги спои досегашниве две информатички катедри од Природно-математичкиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии. Законот за формирање на ФИНКИ е изгласан од Собранието на 29 декември 2010 година, интересно, без глас против.

Прочитај повеќе

Наскоро Марко Чаласан ќе патува во Цирих, кај Google, за да го презентира својот проект за пренесување на HD видео преку послаби мрежи, проект преку кој ќе понуди ИТ лекции за училиштата во Македонија; кога би избирал меѓу Бил Гејтс и Стив Балмер, двата директори на Microsoft, би го одбрал Гејтс, но сепак за Балмер вели „кога дојде тој, се е ново“; направил и крак за Nero, но родителите го спречиле да го објави на интернет бидејќи нели сепак краковите не се легални, а за ИТ наградата за личност на годината на .мк сцената, десетгодишниот Марко вели дека „навистина сум горд и им благодарам на сите“.

Прочитај повеќе

Во Декември, 2006 година, Владата го избра М-р Иво Ивановски за министер без ресор задолжен за развој на информатичкото општество во Македонија. Иво, кој е роден во Битола, има дипломирано на американскиот универзитет Охајо Стејт во 2000 година, а својата магистратура во насоката хардверски инжинеринг ја стекнал во 2003 година.

Прочитај повеќе