ФИНКИ мора динамично да реагира според развојот на технологиите и да се прилагодува на нив, така го организиравме факултетот, вели проф. д-р. Димитар Трајанов кој е првиот декан на новиот Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство. ФИНКИ е спој од двата информатички института на ПМФ и ФЕИТ, и станува првиот самостоен ИТ факултет во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Прочитај повеќе

Новиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, објавен на 9 ноември 2010, го оценува релативно позитивно развојот на информатичката технологија во Македонија. Но, иако Комисијата е позитивна велејќи „подготовките се напредни“ сепак има критики навестувајќи дека е потребно уште многу работа за да се дојде до потребното ниво.

Прочитај повеќе

<надополнување @ 1.11>Официјално започна првиот круг од IT.com.mk Награди 2010 каде што посетителите ќе можат лесно, брзо и анонимно да ги номинираат своите фаворити во соодветната категорија преку страната www.it.com.mk/nagradi. Пријавувањето ќе трае до 10-ти декември. За повеќе информации околу наградите, прочитајте ги правилата. (п.с. пријавувањето на еден ист проект 100 пати не ги зголемува шансите истиот да победи, бидејќи сепак подоцна ке се гласа за пријавените…) </надополнување>

Прочитај повеќе

Бидејќи во Македонија има "негативен тренд на користење се повеќе англиски зборови од информатичката технологија во секојдневната комуникација", Министерството за информатичко општество реши да ја исправи таа грешка и објави поимник на македонски зборови од областа на ИТ.

Прочитај повеќе

Во Македонија, во споредба со соседните земји, забележуваме натпросечно знаење за ИТ индустријата, вели Стефан Плавјански, менаџер за продажба на HP за Македонија и Косово. „Но трошењето за ИТ по глава на жител е сѐ уште далеку од нивоата во ЕУ, па дури и од оние на земјите кои неодамна се приклучија кон ЕУ. Ова […]

Прочитај повеќе

„Start-up“ терминот често се користи за да се посочи на нови ИТ компании или проекти кои се во развој. Глобалната start-up сцена е огромна бидејќи интернетот е игралиште за многу разновидни, иновативни и корисни идеи за онлајн сервиси. Дел од таа сцена неодамна се презентираше во Тел Авив каде се се одржа TWS 2009, настан на кој беа промовирани неколку израелски start-up компании и ИТ проекти.
 
На ТWS 2009 беа претставени 10 проекти, целата листа можете да ја најдете на TechCrunch, а ние издвоивме само неколку кои според нашето мислење навистина имаат што да понудат.

Прочитај повеќе

Article 29 групата составена од експерти за заштита на податоците и приватност и дел од Европската Комисија, смета дека користењето на OpenID платформи може да ги злоупотреби личните податоци на корисниците. OpenID е платформа како Facebook Connect и др. која овозможува користење на едно корисничко име за повеќе платформи и овозможуваат овие платформи да бидат вклучени на други сајтови, пример коментирањето на IT.com.mk функционира преку Facebook Connect, односно можете да оставите коментар преку логирање со вашиот Facebook профил, без да отварате корисничко име директно на сајтот.

Прочитај повеќе