Стартувана само пред 40 дена, најновата друштвена игра CityVille на Zynga стана првата Facebook апликација која стигна до 100 милиони месечни играчи. Oва е според статистиката на AllFacebook, додека AppData прикажува бројка од 99.9 милиони играчи, но земајќи в предвид дека играта забележува нови 3-500.000 играчи дневно, тогаш бројката дефинитивно е надмината.

Прочитај повеќе

Zynga забележува неверојатен успех со својата нова игра CityVillе која ја надмина популарната FarmVille според бројот на играчите. Се чини 16.8 милиони луѓе дневно си градат свој град, наспроти 16.4 милиони фармери, според статистиката на AppData.

Прочитај повеќе

Денеска гејминг индустријата прави профит поголем од тој на музичката и филмската индустрија заедно. Видео игрите се појавија и на мобилните, најуспешните iPhone апликации се видео игри. Просечната старост на гејмерите е од 25-30 години. Неодамна и ЕУ ги одобри игрите како добро нешто за децата за да развиваат вештини и креативно размислување.

Прочитај повеќе

Во една од теориите за почетокот на универзумот научниците велат дека имало „ништо“ и по големиот бенг настанал универзумот. Во гејминг светот големиот бенг во натпреварувачките игри е Quake Arena. Добро, имаше и мали претходни „ништа“ но Quake Arena го постави теренот за игри како CounterStrike и Halo, кои денес прераснаа во е-спорт.

Прочитај повеќе

Во тек се два големи настани за гејмерската заедница во светот. Првиот е BlizzCon 2008, настан кој го организира Blizzard каде се промовираат нивните игри како Diablo III, WoW, Starcraft II. Вториот е Tokio game show 2008 саемот. Додатно на тие настани е и веста дека во наредниве месеци ќе се промовира и друштвената мрежа WorldGaming.com, слична на Facebook и MySpace, но за гејмери кои ќе имаат шанса да се натпреваруваат на разни платформи за пари.

Прочитај повеќе