Мicrosoft го објави првиот преглед на платформата на Internet Explorer 10, иако 9-ката беше објавена само пред месец дена. Најверојатно бидејќи IE 9 беше изграден од почеток, им дозволи на Microsoft полесно и побрзо да го надградуваат прелистувачот кој и покрај „револуционерниот“ редизајн пак е далеку зад новите Chrome 10 и Firefox 4 според популарноста и функционалноста.

Прочитај повеќе

Mozilla се соочува со негативни реакции и неприфаќање од рекламните агенции за опцијата „не прати“ за која објавија дека имаат план да ја вклучат во идните верзии на Firefox, a Firefox 4 бета веќе ја има овозможено. Оваа опција има за цел да им овозможи повеќе контрола на корисниците врз тоа кој ги следи нивните навики на Интернет, односно да ги спречи рекламните агенции и останатите слични страници да пратат каде тие го поминуваат своето време. Ваква слична опција која ја има истата цел има вклучено и во новиот IE9.

Прочитај повеќе