Замислете си го следново сценарио: добивате доста добра идеја за онлајн проект (нешто големо како Facebook или Twitter) што досега не е реализирано на интернет, го тестирате замисленото на мала група на луѓе околу вас и според сите очекувања добивате позитивни резултати и го имате она чувство во себе дека сте пронашле нешто уникатно и посакувате да извикате “еурека!”. Се решавате да преминете на сериозен бизнис… но за да ја реализирате идејата набрзо сфаќате дека ви се потребни ресурси – програмери, дизајнери, сервери, корисничка поддршка, канцеларии, маркетинг и сл. Знаете дека евентуално ќе тргне работата и ќе можете тогаш да ги извадите потребните средства, но што дотогаш? Како да почнете за да дојдете до таа фаза? Од каде да ги најдете тие пари и материјална поддршка?

Прочитај повеќе